Турски печат 31.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1481841
Турски печат 31.08.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Турција нема да потклекне пред јазикот на уцена во Источниот Медитеран“, пишува дека вчера по повод одбележувањето на 98-годишинината од 30 Август Празникот на победата беше организирана церемонија во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара, вечното почивалиште на Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на Република Турција. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се потпиша во спомен книгата на Аниткабир, кадешто меѓу другото го напиша следното: „Турција, особено во Источниот Медитеран, нема да потклекне пред јазикот на закана, застрашување и уцена, ќе продолжи да ги брани своите права коишто произлегуваат од меѓународното право и билатералните договори.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака со одлучност од министерот Акар“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, кој го рече следното: „ урските вооружени сили, како вчера така и денеска, се решени, одлучни и располагаат со неопходната сила по секоја цена да ги одбранат нашата  татковина, нашиот народ, нашите национални и духовни вредности, нашето меѓународно право, заинтересираност и интереси.“

„Претседателот Ердоган ја даде радосната вест! Ги започнуваме испитувањата“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на отворање на Центарот за истражување на лансирање на сателити, вселенски системи и напредни технологии на Рокетсан и Погонот за производство на експлозивни суровини. Претседателот Ердоган во овдешниот свој говор којшто се емитуваше во живо, ја даде радосната вест и го рече следното: „Би сакал да ја дадам радосната вест дека ќе ги започнеме првите вселенски испитувања на технологијата на ракетен мотор на течно гориво, развиена со национални можности.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Познат датумот за Атмаџа“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган велејќи „ние сме една од петте земји во светот кои можат да го произведуваат со домашни можности“, соопшти дека првиот домашен поморски проектил на Турција АТМАЏА на крајот на годината ќе биде внесен во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС).

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ајханџан Ѓувен го освои првото место во Белгија“, пишува дека Ајханџан Ѓувен, спортист на Ред Бул кој е едниот од најуспешните пилоти на Турција во моторни спортови, го освои првото место на седмата трка на „Porsche Mobil 1 Supercup 2020“. Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу му честита на националниот спортист Ајханџан Ѓувен кој го освои првото место на трката на „Porsche Supercup“ во Белгија.



Слични вести