Турски печат 28.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1480516
Турски печат 28.08.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава од претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Шентоп во врска со Либија“, пишува дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп  вчера се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри. На средбата, Шентоп го рече следното: „Би сакал да го кажам тоа дека ние очекуваме од различни држави кои се наоѓаат и делуваат во Либија спротивно на меѓународното право, вклучувајќи ги и Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Франција, да ја почитуваат легитимната Влада во Либија.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Пораки од Хулуси Акар“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во врска со присутната криза со Грција во Источниот Медитеран, го рече следното: „Ние сме на страната на разговарање. Дојдете да разговараме. Отворени сме за дијалог, сакаме мир, спокојство, меѓутоа го сакаме и нашето право и она што ни следува. Доколку нашите грчки колеги одлучат, во наредните денови ќе чувствуваме задоволство да ги пречекаме овде. Да дојдат за разговараме.“

„Министерот Варанк ја соопшти стратешката соработка: Ќе ги промени концептите на одбрана“ гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк вчера се состана со заменик премиерот и министер одговорен за стратешки индустрии на Украина Олег Урискиј. По средбата, министерот Варанк го рече следното: „Ние во моментов ја снабдуваме Украина со нашите наоружани беспилотни летала (СИХА) коишто се следат со завид од страна на целиот свет и тоа во наредниот период ќе отвори врата за големи случувања, ќе ги промени значајните концепти на одбрана.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Нов NAVTEX за Оруч Реис“, пишува дека за бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ е објавена нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка). Со ова соопштение, активностите на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 1 септември.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Џиновските бродови за крстарење, крузери, својот курс го свртија кон Турција“, информира дека започна раздвиженост во туризмот на бродовите за крстарење, крузери, во Турција. Претседателот на Управниот одбор на Холдингот Глобално инвестирање (Global Yatırım Holding) Мехмет Кутман во врска со ова го рече следното: „Буди храброст тоа што фирмите на крузери продолжуваат да известуваат за силни резервации за 2021 година. Џиновските бродови за крстарење, крузери, својот курс го свртија кон Турција.“

 



Слични вести