Турски печат 25.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1478568
Турски печат 25.08.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Она што го прави Грција е разгаленост“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека објавениот „NAVTEX“ од страна на Грција преставува разгаленост која ги доведува во опасност сите бродови во регионот и безбедноста на крајбрежјата и пловидбата. Претседателот Ердоган рече: „Единствен одговор за секоја негативност до којашто може да дојде отсега во регионот ќе биде Грција, а воедно единствената земја која ќе претрпи штета од тоа ќе биде самата таа.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Во природниот гас ќе пристигне радосна вест и од Средоземното Море“, исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека по откриените 320 милијарди метри кубни природен гас во Црното Море, се надеваат оти ќе добијат радосна вест и од Средоземното Море. Претседателот Ердоган истакна дека бродот „Оруч Реис“ и елементите на флотата од чја страна се придружува нема да направат ниту најмала отстапка од своите активности.

„Одмазда од Турција до Грција! Отпловуваат воените бродови“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека по соопштението на Грција дека ќе реализира воена вежба во просторот на активностите на бродот „Оруч Реис“, пристигна првата реакција од Турција. Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека донесената одлука од страна на властите во Атина ќе ја зголеми затегнатоста. Велејќи дека Турција е во право во своите активности во Источниот Медитеран, Акар го рече следното: „Досега на најдобар начин ја извршивме задачата којашто ни е дадена, а ќе продолжиме да ја извршуваме и во иднина.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во Црното Море постои поголем потенцијален на природен гас“, им одделува место на изјавите на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој откривањето на 320 милијарди метри кубни природен гас во нафтеното поле Сакарја во Црното Море од страна на Турција, го окарактеризира како почеток. Велејќи „Нашите технички експерти велат дека постои многу поголем потенцијал“, Калин го рече следното: „Работите за  истражување и дупчење ќе продолжат заедно.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Голем раст во туризмот во месец јули“, пишува дека бројот на туристите кои допатуваа на одмор во Турција во месец јули, во споредба со претходниот месец (јуни) со раст за 4 пати од 214.768 се зголеми на 932.937 лица. Најголем број туристи во Турција во месец јули според градови дојдоа преку Истанбул со 32,36 отсто (301.930 лица), а на второ и на трето место се наоѓаат Анталија и Едирне.



Слични вести