Турски печат 21.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1476651
Турски печат 21.08.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Европската унија (ЕУ) повиците за воздржаност треба да ги упатува до Грција и Кипарско-грчката управа“, пишува дека Турција ги продолжува своите активности во Средоземното Море во рамките на своите легитимни права. Грција пак, често и се поплакува на Европа во врска со Турција. Така Европската унија (ЕУ) упатува таканаречени повици за воздржаност до Турција. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој покажа реакција на оваа состојба и истакна дека доколку Европската унија (ЕУ) посакува да стане дел од процесот со којшто се има за цел да се воспостави мир, просперитет и стабилност во Источниот Медитеран треба да биде објективна и чесна. Аксој рече дека Европската унија (ЕУ) своите повици за воздржаност треба да ги упатува до Грција и Кипарско-грчката управа.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Балонските тури почнуваат на 22 август“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој соопшти дека балонските тури со топол воздух коишто беа сопрени поради епидемијата на Ковид-19 од 22 август ќе започнат повторно. Во Турција секоја година во балонските тури со топол воздух учествуваат повеќе од 600 илјади туристи. Минатата година оваа бројка надмина 660 илјади. Кападокија, е од најпознатите туристички области со светско реноме од аспект на туристичките места познати по прошетките со балони со топол воздух.

„Германија стана земја на која Турција и продаде најголем број маски“ гласи насловот на веста на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека за заштитните маски со еднократна употреба коишто се произведени во Турција во периодот јануари-јуни најголема побарувачка пристигна од Германија, Кина, Франција, Романија и Кувајт. Во овој период на Германија и се продадени медицински маски со еднократна употреба во износ од 14,3 милиони долари, на Кина 13,6 милиони долари, Франција 9,8 милиони долари, Романија 8,6 милиони долари и на Кувајт во износ од 8,5 милиони долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Американскиот професор Гунтер: Документот на Ерменците е фалсификат“, им одделува место на изјавите на Мајкл Гунтер, професор по социологија и политички науки од Универзитетот Тенеси Тек во САД кој истакна дека не постои ниту еден вистински документ со којшто се докажуваат тврдењата на Ерменците во врска со настаните од 1915 година. Професорот Гунтер рече: „На пример, познатите документи Андониан коишто се презентираат тврдејќи дека ги докажуваат ерменските тврдења, всушност се измислени.“



Слични вести