Турски печат 19.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1475394
Турски печат 19.08.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Реакција од Омер Челик против зборовите на Бајден“, пишува дека портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) Омер Челик даде изјави во врска со дневниот ред на вчерашниот состанок на Централниот одлучувачки управен одбор на партијата (МКЈК). Омер Челик се осврна на изјавите на кандидатот за претседател на САД Џо Бајден коишто привлекоа реакција во врска со што меѓу другото го рече следното: „Зборовите на Бајден значат пучизам во вистинска смисла на зборот. Никој не може да ја украде нашата демократија, да ја сруши нашата демократија, никој не може да интервенира на нашиот политички систем.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Албајрак: Турција му ја покажува својата економска независност на целиот свет“, информира дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во споделената објава на социјалната медија истакна дека Турција со своите обновливи извори и енергијата којашто ја произведува, му ја покажува својата економска независност на целиот свет.

„Дизајните на ТОГГ по 27 земји на ЕУ и Кина, регистрирани и во Јапонија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека дизајните на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) по 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) и Кина, се регистрирани и во Јапонија, Во објавеното соопштение од профилот на ТОГГ на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Канцеларијата за патенти на Јапонија (JPO) соопшти дека нашите дизајни на Ц-СУВ (C-SUV) и Седан се регистрирани во Јапонија во име на ТОГГ.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Окото на Турција во орбитата ‘РАСАТ’ наполни 9 години“, пишува дека првиот домашен сателит на Турција за набљудување „РАСАТ“, кој е дизајниран и произведен од страна на Институтот за истражување на вселенски технологии при Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), наполни 9 години во орбитата. Според објавеното соопштение од Институцијата, снимките коишто ги снима сателитот „РАСАТ“ се користат во картографијата, следењето на елементарните непогоди, земјоделството, животната средина, урбанизацијата и работите за планирање.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Лион го купи Џенк Озкачар од Алтај“, информира дека фудбалската екипа Олимпик Лион од Првата лига на Франција, го купи турскиот фудбалер Џенк Озкачар од Алтај. Во објавеното соопштение од Олимпик Лион се истакнува дека со 19 годишниот стопер е потпишан 5 годишен договор.



Слични вести