Турски печат 17.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1474055
Турски печат 17.08.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Остра реакција од Турција до Џо Бајден: Неукост, ароганција, лицемерност“, пишува дека доведоа до дискусија зборовите коишто ги употребува во врска со Турција, Џо Бајден, кандидатот за претседател на САД од Демократската партија на претстојните претседателски избори на 3 ноември, за време на одржаниот разговор со уредниците на „Њујорк Тајмс“ на 16 јануари чии снимки беа споделени на интернет. Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажа реакција на овие скандалозни зборови и го рече следното: „Анализата на Бајден се темели на една чиста неукост, ароганција и лицемерност.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција објави нов NAVTEX“, информира дека Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ за бродот за дупчење „Јавуз“ кој долго време како реализира активности во Источниот Медитеран. Овој издаден „NAVTEX“ рокот на активностите коишто бродот „Јавуз“ моментално ги реализира во утврдената зона, го продолжува до 15 септември. Соопштено е дека бродот за дупчење „Јавуз“ ќе ги продолжи своите активности за пребарување на јаглеводородни извори во близина на Кипар. Во објавениот „NAVTEX“ се истакнува и следното: „Силно се препорачува да не се влегува во зоната на активностите.“

„Одбранбен штит во Средоземното Море“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека од Турција пристигна остра реакција на „Договорот за соработка во сферата на одбраната“ помеѓу Франција и Кипарско-грчката управа. Така фрегатата „ТЏГ Кемалреис“ која пред извесно време ја гонеше грчката фрегата „Лимнос“ поради тоа што го вознемируваше бродот за сеизмички истражува „Оруч Реис“, овојпат почна да го придружува бродот за истражување „Барбарос Хајреттин Паша“ во источниот дел на Кипар.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Макрон остана сам и во Европа“, истакнува дека Франција која во Источниот Медитеран ја поддржува Грција и ја принудува Европа да се обедини против Турција, не можеше да го добие посаканото од своите сојузници. Така, ѝ Франција ѝ Грција останаа сами. Францускиот претседател Емануел Макрон не можеше да обезбеди ниту да се донесе одлука од Европската унија (ЕУ) за осудување на Турција и неговото шоу со воените бродови заврши со истапот на Германија дека тоа „Не е етички“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција на прво место во Европа во индустриското производство“, пишува дека 16-от состанок на Консултациониот совет под претседателство на министерката за трговија Рухсар Пекџан се одржа преку видео конференција. Министерката Пекџан го рече следното: „Со раст од 17,6 отсто го зазедовме првото место во индексот на индустриско производство во Европа. Ионака во првиот квартал со раст од 4,5 отсто бевме на прво место по растот меѓу земјите на Г-20.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Амбер Херд импресионирана од Истанбул“, информира дека познатата американска актерка Амбер Херд за поминување на својот одмор ја избра Турција. Актерката која минатата недела ја помина во Бодрум, оттука својот курс го сврте кон Истанбул. Амбер Херд која го прошета историскиот полуостров на Истанбул, беше во посета и на џамија. Притоа велејќи „не би можела повеќе да бидам вљубена во овој извонреден град“, познатата актерка на својот профил на социјалната медија ги сподели и деталите од ова нејзино патување.



Слични вести