Турски печат 13.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1471995
Турски печат 13.08.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Повик од Турција до Европа во врска со Грција“, пишува дека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу направи проценка на отворениот оган врз еден приватен чамец на кој се наоѓале 3 лица во грчките територијални води на приближно 13 километри од Мармарис. Министерот Сојлу во врска со случајот го рече следното: „Ја поканувам Европа која во секоја прилика зборува се особено по прашањето на човековите права, ѝ да ја предупреди Грција во однос на тоа што го прави ѝ да и ја одржи потребната лекција.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Исповед од Грција: Никој за нас нема да ги расипе своите односи со Турција“, пишува дека Евангелос Апостолакис, кој за време на власта на сегашната главна опозициска партија Сириза ја извршуваше функцијата министер за одбрана и началник на Генералштабот на Грција, изнесе проценка во својство на исповед во врска со затегнатоста помеѓу Турција и Грција којашто започна откако бродот „Оруч Реис“ влезе во прогласената зона за истражување. Апостолакис истакна дека Грција најверојатно ќе остане сама и го рече следното: „Ниту една страна поради прашањето на Грција нема да ги расипе своите односи со Турција.“

„Истанбулскиот аеродром успеа да постигне новина во светот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Истанбулскиот аеродром кој во текот на епидемијата на Ковид-19 го привлече вниманието по преземените здравствени превентивни мерки, стана првиот аеродром кој го доби сертификатот на Меѓународниот совет на аеродромите (ACI), а кој почнувајќи од 24 јули 2020 година се доделува во рамките на програмата „Здравствена акредитација на аеродромите“ (Airport Health Accrediation).

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Инвестиција од францускиот гигант во Турција“, информира дека француската компанија „Imerys“ го објави следното соопштение: „Како компанија размислуваме да ја зајакнеме нашата позиција на турскиот пазар заедно со компанијата Хазнедар која располага со значајна вредност како бренд и удел на пазарот во Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За два дена дојдоа 40 илјади руски туристи“, им одделува место на изјавите на валијата на Анталија Ерсин Јазиџи кој информира дека за два дена во Анталија дојдоа приближно 40 илјади руски туристи. Велејќи дека завчера во градот дојдоа 22 илјади, а вчера уште 17.571 руски турист, валијата Јазиџи рече: „Бројот на туристите кои доаѓаа приближно просечно по околу 10 илјади лица, за два дена се зголеми на 34.996 лица.“



Слични вести