Турски печат 11.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1470680
Турски печат 11.08.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Повик од претседателот Ердоган за Источниот Медитеран“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека постигнатиот договор помеѓу Грција и Египет во врска со Источниот Медитеран нема правна основа. Претседателот Ердоган рече: „Дојдете да се состанеме сите земји во Средоземното Море и да изнајдеме формула којашто ќе биде прифатлива за сите и која ќе го брани правото на секого. Оние кои го затвораат својот слух пред овој повик на нашата земја, по пат на одредени иницијативи за коишто немаат сила и кои ги надминуваат нив, со сопствени раце си ја зацрнуваат својата сопствена иднина.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Страната која ја зголемува затегнатоста во Источниот Медитеран е Грција“, им одделува место на изјавите на портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој кој истакна дека страната која ја зголемува затегнатоста во Средоземното Море не е Турција, туку Грција. Аксој го рече следното: „Никој нема право да се обидува да ја исклучува нашата земја од Средоземното Море кое со векови е под турска доминација. Ќе бидат поразени оние кои се раководат со разбирањето дека се единствени стопани на Средоземното Море.“

„Турција објави нов NAVTEX“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Турција објави нова навигациска информација, поморска предупредувачка белешка „NAVTEX“ во Средоземното Море. Објавениот „NAVTEX“ за бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ важи до 23 август. Наведените бродови ќе реализираат сеизмички истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција не дозволи да дојде до состојба на свршен чин во регионот! Западнаа во вода плановите на Ерменија“, информира дека воената вежба којашто ја реализираат заеднички Турција и Азербејџан наиде на широк одек во целиот свет. Заедничките воени вежби коишто ги реализираат Турција и Азербејџан и општо оваа сегашна заедничка воена вежба покажа дека нема да се дозволи да бидат преземени иницијативи во спротивност со меѓународното право и состојби на свршен чин во регионот како во почетокот на 1990-тите години, дека апсултно ќе бидат одбраните основните принципи на меѓународното право вклучувајќи го и територијалниот интегритет на земјите и дека ќе се биде гаранција на мирот и стабилноста во регионот.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Производството на домашната вакцина против Ковид-19 се планира за месец октомври“, пишува дека е подготвена првата вакцина на Турција. Проф. д-р Хакан Акбулут од Медицинскиот факултет на Анкарскиот универзитет, кој се наоѓа на чело на екипата од чија страна се водат активностите за пронаоѓање на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција, го рече следното: „Заклучно со 8 јули успешно завршија нашите тестирања врз животни.“ Проф. д-р Акбулут истакна дека производството на првата домашна вакцина против Ковид-19 се планира за месец октомври.



Слични вести