Турски печат 07.08.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1468599
Турски печат 07.08.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Проблемот во Либија не е решен, Хафтар кој избега од масата секој момент може да нападне“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава вчера за време на неговата посета на Либија го рече следното: „Тоа што на теренот е мирно, не значи дека проблемот во Либија е решен, напротив постои една искомплицирана ситуација, соработката треба да продолжи. Ние седнавме на маса за решение, но Хафтар беше оној кој секогаш стана од масата. Хафтер не верува во политичко решение, повторно би можел да нападне, оној кој избега од масата е Хафтар.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Пофалба од британскиот телевизиски канал за борбата на Турција против Ковид-19“, информира дека министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил преку социјалната медија сподели видео на британскиот телевизиски канал SKY NEWS во кое се упатува пофалба за борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во видеото се нагласува дека екипите за истражување на изворот на пренесување на болеста во Турција работат како дедективи и дека раната и брза интервенција носи успех во лекувањето.

„Автомобилскиот извоз во споредба со јуни забележа раст од 9 отсто“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека извозот во автомобилската индустрија на Турција во месец јули, во споредба со претходниот месец јуни, оствари раст од 9,2 отсто. Автомобилскиот извоз во јуни изнесуваше 2 милијарди 16 милиони долари, додека во јули се зголеми на 2 милијарди 201 милион долари.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Rollic продадена наZynga за 168 милиони долари“, информира дека турската фирма за игри „RollicGames со седиште во Истанбул и е продадена на светски познатата американска компанија креатор на видео игри „Zynga“ за 168 милиони долари. „Zyngaпретходно во јуни ја купи и турската компанија за мобилни игри „Peak Games“ и тоа за рекордни 1,8 милијарди долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Чаглар Сојунџу постигна принципиелен договор со Барселона“, пишува дека турскиот фудбалски репрезентативец Чаглар Сојунџу кој покажува успешен перформанс во дресот на Лечестер Сити во англиската Премиер Лига, оди во шпански Барселона. Чаглар кој постигна принципиелен договор со Барселона сега чека да се постигне договор помеѓу Лечестер Сити и Барселона.



Слични вести