Турски печат 06.08.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1467939
Турски печат 06.08.2020

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција презема иницијатива за катастрофата во Бејрут“ истакнува дека по повод експлозијата во Бејрут, Турција на Либан и испрати помош во медицински материјали, опрема и екипи за спасување и пребарување. Карго авионот составен од помошта која беше подготвена од страна на Министерството за здравство, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и турската Црвена полумесечина беше испратен за Бејрут. Со авионот беа испратени медицинска помош, опрема и екипи за спасување и пребарување.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Канал Истанбул претставува безбедносно прашање“ истакнува дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во објавата преку профилот на твитер истакна дека 2750 тони амониум нитрат кои беа ричина за експлозијата во Бејрутм пред 6 години на пат за Бејрут помина низ Истанбулскиот Босфор. Затоа прашањето за изградбата на Канал Истанбул во врска со кое претседателот продолжува со настојчивоста, не е обично прашање. Тоа е стратешко и безбедносно прашање.

Информативниот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Реакции од Шентоп кон Францја и САД“ истакнува дека претседателот на Големото Национално Собрание на Турција Мустафа Шентоп рече дека Франција е последната земја на светот која може да говори за човековите права, правотом правдата, неправдата. Историјата на човештвото во последните 200 години покажува дека Франција не ќе може така лесно да ја избриши дамката на челото. Во врска со договорот меѓу американската нафтена компанија и сепаратистичко-терористичка организација ЈПГ/ПКК, Шентоп рече дека целото национално богатство на Сирија припаѓа на сирискиот народ.

Весникот „Стар“ во веста  под наслов „Грант поддршка од Турција на Венецуела во сферата на здравството“ истакнува дека Во Службениот весник беше објавен Договорот за грант помош во здравството меѓу Турција и Венецуела. Во рамките на Договорот за здравствена грант помош меѓу Владите на Турција и Венецуела постигнат на 11 јуни во Анкара, Турција на Венецуела ќе и испрати 25 илјади вентилатори, 100 илјади хируршки маски, 50 илјади маски од типот Н95, 35 илјади комбинеозни, 200 илјади ракавици и 40 илјади комплет тестови PCR.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турција трета земја во светот од аспект на производството на топла вода од сончева енергија“ истакнува дека во период кога се шири производството на електрична енергија од соларните панели, Турција во производството на топла вода со колектори се искачи на трето место во светот. По Кина и САД, Турција е трета земја која најмногу ја искористува соларната енергија за стекнување со топла вода, поради што годишно обезбеди аштеда од 200 милиони долари.



Слични вести