Турски печат 04.08.2020

Денешните турски весници опширно известуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1466537
Турски печат 04.08.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Претседателот на Големото Национално Собрание Шентоп рече дека Турција нема да дозволи Ерменија да ги оствари своите цели“ истакнува дека претседателот на Големото Национално Собрание Мустафа Шентоп по по повод празникот Курбан Бајрам по телефон ја побара претседателка на Собранието на Азербејџан Сахиба Гафарова на која и го честиташе празникот. Шентоп на разговорот уште еднаш ја изрази турската поддршка на Азербејџан против ерменските напади во последно време и рече дека Турција никогаш нема да дозволи Ерменија да ги оствари своите цели против двете земји“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Веќе невозможно е да се изолира Турција од Источниот Медитеран“ истакнува дека американскиот весник Волстрит џорнал, стратегијата на Турција во однос на Источниот Медитеран ја постави на маса. Во веста се истакнува дека поморската програма којашто Турција ја започна во регионот е потфат кој што требаше да се очекува од Турција. Во написот се алудира дека покрај иницијативите за отстранување и изолирање на Турција од енергетските потфати во Источниот Медитеран,  истите се осудени на неуспех поради решителноста на Турција.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Европа нема да се судри со Турција“ ја објавува изјавата на поранешниот грчки министер за одбрана Евангелос Апостолакис кој потенцираше на значењето на Турција и рече дека ЕУ од геополитички и економски аспект ќе ја преферира Турција намест Грција. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган е силен лидер и Турција под лдиерство на Ердоган напредува да стане сериозна регионална сила во Источниот Медитеран регионот . Турција активно учествва во сите геополитички платформи и се смeта за серизоен актер“.



Слични вести