Турски печат 24.07.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1460930
Турски печат 24.07.2020

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Остра реакција од Турција на Франција“ истакнува дека во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Турција беше истакнато дека „Франција со секој погрешен чекор што го фрла во Источниот Медитеран ја губи непристрасноста и шансата да даде придонес во стабилноста ба регионот. Франција треба да се откаже од намерата да се преувеличува и треба да следи разумни и рационални политики.“

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Никогаш нема да ги прифатиме заканувачките или санкционерски реторики“ ја објавува изјавата на портпаролот на претседателсвото Ибрахим Калин кој во говорот на една манифестација рече дека Турција бара праведно распределување на сите природни извори и богатства на Источниот Медитеран. Ние сме таму со цел да ги заштитиме нашите права. Никогаш нема да ги прифатиме заканувачките или санкционерски реторики.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган ја отвори табелата на џамијата Аја Софија“ истакнува дека вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на посетата на џамијата Аја Софија која по период од 86 години беше отворена за верисповест, ја отвори табелата на џамијата „Аја Софија Кебир Џами-и Шериф“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Специјална пара за Аја Софија“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Верат Албајрак кој рече дека ковачнита за пари на Турција по повод свеченото отворање на Аја Софија искова специјални монети. Албајрак објавата преку профилот на социјалните медиуми ја сподели со етикетата „#Со спецıјалната пара за џамијата Аја Софија удривме уште еден белег во историјата (#AyasofyaCamii özel paramızla tarihe bir not daha düşüyoruz)“.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турција во најлошите денови беше на страната на Азербејџан“ ја објавува зијавата на азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов кој рече дека пораките со поддршка од турските државници наспроти ерменските напади, претставуваат јасен пример за поддршката на братскиот турски народ во тешките денови на Азербејџан.



Слични вести