Турски печат 23.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1460245
Турски печат 23.07.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Акцент на Либија и Азербејџан во соопштението на Советот за национална безбедност“, пишува дека по состанокот на Советот за национална безбедност кој се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше објавено писмено соопштение во кое беше дадена јасна порака до светот по прашањето на Либија. Во соопштението беше истакнато следното: „Нема да се двоумиме од фрлање на неопходните чекори во Либија.“ Во соопштението беше нагласено дека Ерменија треба да стави крај на својот агресорски став и да ги напушти окупираните азербејџански територии.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Објава од Ердоган којашто привлече внимание“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил преку социјалната медија сподели објава во врска со Аја Софија. Видео-спотот, се состои од песна испеана на различни јазици. Претседателот Ердиоган овој видео-спот го сподели со зборовите на испеаната песна „Аја Софија... Над твоето кубе нека веат ветровите на слободата. Уште од памтивек ти си наша, а ние сме твои...“

„Се стекнавме со слобода благодарение на турската армија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на потпретседателот на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Зорлу Торе кој истакна дека кипарските Турци кои постојат на Кипар уште од 1571 година, се стекнаа со својата слобода благодарение на турската армија. Зорлу Торе го рече следното: „Да не пристигнеше турската армија островот Кипар ќе му беше предаден на Хеленизмот. Кипар ќе беше како Крит. Сите кипарски Турци или ќе беа измасакрирани или ќе беа принудени на иселување од островот.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ќе продолжи економското заживување во Турција“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој истакна дека и покрај пандемијата не застана производството во Турција и дека постои силно заживување во економските показатели. Велејќи дека во период кога постои длабоко влијание во целиот свет Турција се одвојува позитивно од другите земји, министерот Мустафа Варанк нагласи дека економското заживување во Турција ќе продолжи и во останатиот дел од годината.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) најголемата инвестиција ја реализира во Турција“, пишува дека Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во првата половина на годината инвестираше вкупно 5,1 милијарда евра. Од овие инвестирања најголемиот дел, во износ од 1 милијарда евра, го доби Турција. На тој начин, во првата половина на 2020 година Турција доби една петина од вкупните инвестирања на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) чиј портфеј во Турција изнеусва 7 милијарди евра со што се наоѓа меѓу најголемите 38 економии во кои инвестира банката.



Слични вести