Турски печат 22.07.2020

Денешните турски весници опширно пишваат за актуелните случувања во земјава и светот

1459485
Турски печат 22.07.2020

Новинскиот веб-портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Нема отстапки во однос на Либија“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека Турција ќе продолжи да се раководи согласно ставот дека не гаиме никакви претензии кон територииите на другите земји, но исто така цврсто ќе ги браниме и штитиме нашите права. Активно ги следиме случувањата во Либија и нема да направиме никакви отстапки по ова прашање, подвлече претседателот Ердоган.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција ќе продолжи да ги бара своите права во Источниот Медитеран“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека турските бродови за дупчење Јавуз и Фатих продолжуваат со дупчењата во Источниот Медитеран и дека овие потфати ги превртија замките во Источниот Медитеран. Ние не сме принудени на одобренијата на некои трети лица. Ние ги фрливме потребните чекори согласно меѓународното право и ќе продолќиме со истите чекори и во иднина.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Критична средба меѓу Ердоган и Меркел“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разгоор со германската канцеларка Ангела Меркел. Главна тема на разговорот беа случувањата во Либија и Сирија, економијата и туризмот како и билатералните односи. Ердоган и Меркел разменија мислења и за можностите за зајакнување на соработката по периодот на епидемијата на Ковид-19.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Алијев рече дека неговата њубов кон турскиот народ не е тајна“ истакнува дека претседателот на Азербејџан Илхам Алијев му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за изразената поддршка и рече дека „Мојата њубов кон турскиот народ не е тајна“. Азербејџанскиот претседател Алијев истакна дека двете земји секогаш ќе бидат заедно. Искрено и длабоко му благодарам на брат ми за поддршката, рече АЛијв.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „ТОГГ на дневниот ред на британските медиуми: Првиот автомобил на Турција кој отвори нова ера“ истакнува дека британскиот весник Телеграф, веста посветена на изградбата на фабриката на домашниот автомобил на Турција ја објави меѓу позначајните информации.  Телеграф во веста истака дека темелите на фабриката за инженерство, дизајн и производство на првиот домашен автомобил во Турција ТОГГ кој ќе отвори нова ера во историјата беа фрлени во Гемлик кај Бурса.



Слични вести