Турски печат 21.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1458725
Турски печат 21.07.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Порака за Кипар од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во изјавата што ја даде вчера по повод одбележувањето на 46. годишнина од Мировната операција на Кипар истакна дека Турција која секогаш стои покрај одлучната борба на кипарските Турци, исто како пред 46 години и денеска претставува гаранција за мирот, стабилноста и спокојството на кипарските Турци. „Постигнувањето на праведно и трајно решение на Кипар е можно само со прифаќање на еднаквиот статус на кипарските Турци.“ - порача претседателот Ердоган.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Акар:Од суштинско значење е што поскоро да се прекине помошта и поддршката на пучистот Хафтар“, информира дека на покана на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, со учество на либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага и министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта Бајрон Камилери, вчера во Анкара се одржа трилатерален состанок. По состанокот министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Од суштинско значење е што поскоро да се прекине секој вид помош и поддршка на пучистот Хафтар кој претставува препрека пред воспоставувањето на мирот, спокојството, довербата и територијалниот интегритет во Либија.“

„Министерката Пекџан говореше на програмата на Општата делегација за виртуелна трговија“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која истакна дека Пакистан освен тоа што е пријателска и братска земја, истовремено е и мошне значаен трговски партнер на Турција. Министерката Пекџан рече: „Трговскиот обем од 850 милиони долари не го презентира капацитетот и на двете земји. Тоа во најскоро време треба да се зголеми на над 1 милијарда долари.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Фатих почна со дупчење во Црното Море“, пишува дека како што информира министерот за енергија и природни ресурси Фатих Данмез бродот за сондажа „Фатих“ своето прво дупчење во Црното Море го започна на локацијата Туна-1. Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со истражувањата на нафта и гас во Црното Море, го напиша следното: „Ако има, сигурно ќе најдеме.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Раст од 32 отсто во продажбите на станови“, информира дека во продажбите на станови во Турција во првата половина на 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, е остварен раст од 32 отсто. Во првата половина во земјата се продадени 581.798 станови. Според градови, најмногу станови се продадени во Истанбул.



Слични вести