Турски печат 13.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1453908
Турски печат 13.07.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава за Аја Софија од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со повторното отворање на Аја Софија за верски обред го рече следното: „Крајниот одлучувачки орган во врска со статусот на Аја Софија не се другите, туку турскиот народ. Тоа е наше внатрешно прашање. И на другите земји им се паѓа само да покажат почит на донесената одлука.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Јасна порака за Либија од Чавушоглу“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ истакна дека либиската влада може да го прифати прекинот на огнот со којшто ќе се стави крај на спорот само доколку силите лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили во источниот дел на земјата, се повлечат од областите на градовите Сирте и Џуфра и се вратат на линијата од 2015 година. Чавушоглу напомена дека доколку силите лојални на Хафтар не се повлечат од овие наведени области, либиската влада е одлучна да продолжи со офанзивата.

„Ќе се воспостави мост за виртуелна трговија меѓу Турција и Заливските земји“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека на иницијатива на трговското аташе во Дубаи при Министерството за трговија ќе се воспостави мост за виртуелна трговија меѓу Турција и Заливските земји со кој ќе се цели кон регионалните пазари и електронските трговски платформи.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Станавме една од 3-те земји во светот“, информира дека Управата за одбранбена индустрија ги модернизира сите тенкови од типот „M60T“ во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) и ги издигна на конфигурација од типот „M60TM“. Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир го рече следното: „Модернизирајќи ги нашите тенкови со активни системи за одбрана, станавме една од 3-те земји во светот кои располагаат со овој капацитет.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Домашното оружје и воената опрема на Турција на онлајн видео игра“, пишува дека на едната од најмногу играните онлајн видео игри во светот „FPS“ (First Person Shooter-Прв стрелец) со софтвер развиен од страна на членовите на Turkish Mod Team се додадени воени возила, муниција и оружје на Турција од домашно производство, како што се беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) Бајрактар, Анка, Кобра, Акреп, Кирпи, хеликоптери Атак и тенкови Алтај. Благодарение на тоа играчите во улога на припадници на Турските вооружени сили (ТВС) или специјални полициски сили можат да извршуваат задачи во подрачјата на операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче, Извор на мирот и во Либија.



Слични вести