Турски печат 08.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1451092
Турски печат 08.07.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Сојлу: Ја разбиваме организацијата“, им одделува место на изјавите на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој истакна дека со успешно реализираните операции сепаратистичко-терористичката организација ПКК, фактички, физички и психолошки е разбиена. Министерот Сојлу рече: „ПКК е дојдена во положба да не може да се засолни дури ниту во пештерите. ПКК денеска од страв не може дури и да зборува преку токи воки.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „За претседател на Собранието повторно избран Шентоп“, пишува дека пратеникот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) од градот Текирдаг и актуелен претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп со освоени 328 гласа во третиот круг од гласањето, повторно е избран за претседател на Собранието, со уште еден мандат.

„Писмо со благодарност до Турција: Вашата помош ни влева доверба“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателката на Бошњачкиот национален совет на Санџак (БНВ) во Србија Јасмина Цуриќ која испрати писмо со благодарност до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, за доставената помош во медицински материјали од страна на Турција за областа Санџак кадешто се забележува забрзано ширење на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Јасмина Цуриќ во напишаното писмо до претседателот Ердоган го вели следното: „Помошта во медицинските материјали, лекови и медицинска опрема што ја испративте е многу значајна за локалниот народ. Вашата помош ни влева доверба.“ 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Светот за време на пандемијата конзумираше турско суво овошје“, пишува дека во првата половина на 2020 година (за 6 месеци) за време на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција оствари извоз на суво овошје и нивни производи во износ од 606,5 милиони долари. Најмногу е реализиран извоз на суво грозје без семки и тоа во вредност од 222,1 милион долари, а потоа следува извозот на суви кајсии од 114,9 милиони долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Украинските туристи го нагласија безбедниот одмор во Турција: Оној кој доаѓа овде останува восхитен“, информира дека украинските туристи кои дојдоа на одмор во Турција го доживуваат задоволството и восхитта од поминување на безбеден одмор, а благодарение на преземените мерки против коронавирусот (Ковид-19). Така украинската туристка Катерина Третјак вели дека имаат можност да го согледат лично тоа како се применуваат на најдобар начин правилата за носење маска и социјално растојание во Турција. Таа воедно го додава и следното: „Оној кој доаѓа овде останува восхитен. Мислам дека Турција нема потреба од реклама.“



Слични вести