Турски печат 07.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1450318
Турски печат 07.07.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остра порака од Чавушоглу до Европската унија (ЕУ)“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција, на која пак упати остри предупредувања до Европската унија (ЕУ). Чавушоглу рече: „Доколку Европската унија (ЕУ) донесе дополнителни одлуки (против Турција) ќе мораме да одговориме на нив. Тоа пак, нема да придонесе за решение.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција ја спречи катастрофата! Причината поради која Париз ја обвинува Анкара...“, информира дека британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, веќе претставува товар за Франција и дека главната причина за обвинувањата во позадината коишто се изнесуваат од страна на Париз кон Анкара е обидот да се прикрие направената грешка со доставената поддршка на Хафтар, досега.

„Соопштение од Германија во врска со Турција: Наскоро ќе се укине“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на германскиот владин комесар за туризам Томас Бареис кој истакна дека наскоро може да се укине издаденото предупредување за патување во Турција, поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Бареис рече: „ Сигурен сум дека наскоро ќе го започнеме туризмот со Турција. Ако ситуацијата е добра, а минатата недела беше добра, би можеле релативно брзо да ги направиме подготовките за отворање.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турскиот сектор за мебел убаци во повисока брзина“, им одделува место на изјавите на претседателот на Здружението на индустријалците за мебел на Турција Мустафа Балџи кој истакна дека нивните нови целни пазари во извозот на мебел се земјите на континентот Америка и Соединетите Американски Држави (САД). Велејќи дека Турција располага со значаен потенцијал во секторот на мебел особено со дизајнот и квалитетот, Балџи рече: „Во таа насока, имаме за цел нашиот извоз којшто минатата година изнесуваше приближно 200 милиони долари, ова година да го зголемиме на 1 милијарда долари.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Анкара снимена од вселената доби повеќе од 1 милион допаѓања“, пишува дека Американската агенција за вселенски истражувања НАСА преку социјалните медиуми сподели фотографија на Анкара снимена од Меѓународната вселенска станица (МВС). Заедно со споделената фотографија преку профилот на НАСА на Инстаграм под снимената фотографија на главниот град Анкара од вселената ноќе беше додадена и следната забелешка: „Анкара, срцето на Турција, сјај во мрачната ноќ и вселената.“ Оваа споделена фотографија доби повеќе од 1 милион допаѓања.



Слични вести