Турски печат 06.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат во своите денешни изданија овде во Турција...

1449622
Турски печат 06.07.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Сакале или не сакале ќе ги добиеме нашите права“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа вчера преку видеоконференција на церемонијата на колективното отворање на 52  хидроелектрични централи во 26 градови ја критикуваше Европската унија (ЕУ) за ставот што го презентира против Турција, во врска со што рече: „Европската Унија (ЕУ) ги постави пред Турција земјите кои имаа проблеми со транспарентноста и тоа евидентно ја изнесува намерата во позадината на двојниот стандард што го применува. И во овој процес водејќи борба сакале или не сакале ќе ги добиеме нашите права.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавушоглу: Станавме едната од најуспешните земји“, им одделува место на изјавите на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој во врска со глобалната епидемија на новиот тип коронавирус го рече следното: „Благодарение на мерките коишто ги презедовме станавме едната од најуспешните змеји во борбата против коронавурисот. Ние сме едната од земјите кои располагаат со најдобриот здравствен систем и најдобрата инфраструктура во светот.“

„Турција стана пример“ гласи насловот на веста на странците на весникот „Стар“, кадешто пишува дека министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во врска со Програмата за сертификација за безбеден туризам го истакна следното: „Им пруживме шанса ѝ на амбасадорите ѝ на претставниците на странските медиуми да го експериментираат на лице место системот за сертификација којшто го поставивме во Турција. Како што изјавија лично, 'Ова е многу успешен систем, детално изработен систем.' Тие воедно не замолија да им дадеме поддршка за применување на овој систем и во нивните земји.“ 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пловечката касарна Анадолија, ќе ја доведе Турција во состојба на глобална сила во морињата“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој информира дека повеќенаменскиот амфибиски офанзивен брод Анадолија кој ќе ја зголеми способноста на Турските вооружени сили (ТВС) за прекуморски воени операции и операции за хуманитарна помош, ќе може да носи на себе приближно 100 амфибиски групи за задача и тоа национални тенкови и оклопни возила, како и повеќе од 30 воздушни летала во склопот на задачата којашто ќе ја реализира.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Голем успех од турските научници“, информира дека истражувачите на Универзитетот Фират (Еуфрат) во градот Елазиг под микроскоп на атомска сила развиен од страна на научници од Блискоисточниот технички универзитет (ОДТУ) ја видоа структурата на новиот тип коронавирус во градби за 750 пати помали од влакно коса. Анализите на структуралниот изглед на коронавирусот којшто е моделизиран во вид на бодликава топка со трња, ќе држат светлина за голем број научни истражувања.



Слични вести