Турски печат 03.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1448112
Турски печат 03.07.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Прва посета по епидемијата“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата прва надворешна посета по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја оствари вчера на Доха кадешто се состана со катарскиот емир Шејх Тамим Бин Хамад Ал Тани. Претседателот Ердоган и Ал Тани беа придружени од своите делегации. Претседателот Ердоган по остварените средби и разговори учествуваше на официјалниот деловен ручек, по што се врати во земјата.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу во Германија“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварената средба со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, тоа што Европската унија (ЕУ) не го укина предупредувањето за патување во Турција го окарактеризира како „разочараност“. Освен тоа, министерот Мевлут Чавушоглу во врска со присутната затегнатост со Франција во Источниот Медитеран го рече следното: „Не е точно тврдењето дека нашите бродови им поставиле катанец на француските бродови. Франција треба да достави извинување до нас.“

„Портпаролот на претсеателскиот кабинет Калин:Турција ќе продолжи да биде покрај нив“ гласи насловот на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој истакна дека обидот на Израел за анексија и окупација со кои се негира (смета за ништовно) меѓународното право, нема никаква легитимност. Калин рече: „Турција ќе продолжи да стои покрај праведната и легитимна кауза на палестинскиот народ.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за извозот од министерката Пекџан“, им одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која ги соопшти бројките за извозот во месец јуни. Министерката Пекџан рече: „Нашиот извоз во јуни во споредба со истиот месец минатата година со раст од 15,8 отсто се зголеми на 13 милијарди 469 милиони долари, а во споредба со мај забележа раст од 35 отсто.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Дојде на свет првото бебе пингвин на Турција“, пишува дека првото бебе пингвин на Турција од видот Генту (Gentoo) по 38 дневно квачење дојде на свет вчера тешко 100 грама, во Истанбул Аквариум. Името на првото бебе пингвин на Турција ќе му биде дадено од страна на турскиот народ.



Слични вести