Турски печат 02.07.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1447353
Турски печат 02.07.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Заедничка декларација од Турција, Русија и Иран по Состанокот во Астана“ истакнува дека по трилатералната видео конференција меѓу лидерите на Турција, Руската Федерација и Иран, беше објавена заедничка декларација во која беше подвлечено на значењето на територијалниот интегритет на Сирија. Во декларацијата беше потенцирано дека ќе почне спроведувањето на Договорите за Идлиб и ќе се воспостави мир и спокојство.

Новинскиот веб-портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турција го презеде привременото претседателствување со Процесот на соработка во Југоисточна Европа за периодот 2020-2021“ истакнува дека Турција ја презеде едногодишниот мандат на привремено претседателствување со Процесот на соработка во Југоисточна Европа за периодот 2020-2021. Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато дека Турција активностите ќе ги раководи врз основа на основните начела на процесот како што се „регионално излегување во пресрет“ и „инклузивност“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „МНР реакцијаата на ограничувањата за патување на ЕУ ја оцени со зборовите: Разочарување“ ја објавува изјавата на портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој кој во врска со препораката на ЕУ, односно одлуката за укинување на ограничувањата за патување на граѓаните на Европа во трети земји од  1 јули 2020, меѓу кои не се наоѓа Турција, ја оцени како големо разочарување. Во најкраток временски период од ЕУ очекуваме да ја коригира оваа одлука.

Весникот „Стар“  во веста под наслов „САД соопшти дека ќе продолжат да соработуваат со турските фирми во врска со производството на деловите на авионот Ф-35“ истакнува дека официјален Пентагон соопшти дека до 2022 година ќе продолжат со соработката со турските фирми за производство на заедничките офанзивни авиони Ф-35.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Украинците допатуваа на одмор во Турција“ истакнува дека со повторно започнување на авионските летови меѓу Турција и Украина, кои беа прекинати поради епидемијата на Ковид-19, вчера на аеродромот во Анталја слета авионот со 189 украински туристи. Туристите кои што слетаа на аеродромот на кој беа преземени строги и интензивни мерки против Ковид-19, туристите изјавија дека многу ја посакале Турција и земјата ја поздравија со Мерхаба Турција. Туристите откако слетаа на аеродромот поминаа низ термалните камери.



Слични вести