Турски печат 01.07.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1446656
Турски печат 01.07.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Остра реакција од Чавушоглу до Макрон: Го поддржува пучистот“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, вчера во Анкара, покажа реакција против изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со Либија. Чавушоглу рече: „Го поддржува противникот на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Франција, го поддржува пиратот (разбојникот), пучистот (Халифа Хафтар). Дали Франција постапува чесно? Не. Вели дека не му дава оружје на Хафтар. Парите ги дава Абу Даби, оружјето Франција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Можат да произведуваат само 7 земји во светот... Успеа и Турција“, им одделува место на изјавите на потпретседателот Фуат Октај кој на одржаниот состанок на Координациониот совет за подобрување на средината на инвестирање го рече следното: „Во рамките на проектот МИЛТАР почнавме да ги произведуваме со домашни и национални можности системите x-ray и прототипот на системот за скенирање на контејнери, коишто се произведуваат само во 7 земји во светот, а со цел спречување на илегалната трговија на граничните премини.“

„Турција се искачува на највисоката лига во поморското разузнавање“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека бродот по име „ТЏГ Уфук“ (TCG Ufuk) којшто ќе биде ставен во услуга оваа година ќе и придаде голема моќ на Турција во собирањето на разузнавачки информации од море. Бродот којшто од страна на експертите се оценува како „искачување на највисоката лига во оваа сфера“, ќе има директно влијание и на рамнотежите во Средоземното Море.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Повик до Европејците ‘Турција најправилно место за одмор’ “, им одделува место на изјавите на Макс Ковнацки, врвниот раководител на авиопревозникот „СанЕкспрес“ кој ја презеде улогата на „воздушен мост“ помеѓу Турција и Германија. Ковнацки рече дека во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција „апсолутно е најправилно место“ за одмор.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турската ученичка го престигна целиот свет на научен натпревар“, информира дека на Меѓународниот натпревар за основи на наука којшто се одржува секоја година во Русија турската ученичка во петто одделение Беѓум Тофан го освои првото место по математика и доби златен медал. Наставниците истакнаа дека во позадината на овој постигнат успех на нивната ученичка се наоѓа значењето коешто им се придава на напорната работа и на аналитичкото размислување.



Слични вести