Турски печат 30.06.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1445877
Турски печат 30.06.2020

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Индипенднт: Франција со обвинување на Турција во врска со Либија паѓа во смешна состојба“ истакнува дека светската јавност продолжува да зборува за смешната состојба во која падна Франција која се обидува да ја прикрие грешката со поддршката на пучистот Хафтар кој изгуби на теренот. Весникот „Индипенднт“ во веста посветена на случувањата истакнува дека француските државници со обвинување на Турција за да ги одбранат своите политики во однос на Либија, паднаа во смешна позиција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Унгарскиот министер за надворешни работи сe пресмета со Јужен Кипар и ЕУ“ истакнува дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во рамките на посетата на Јужен Кипар рече дека низа земји членки на ЕУ, пред јавноста за Турција зборуваат едно, а позади затворени врати друго. Најголемиот проблем во односите меѓу Турција и ЕУ е токму дволичното однесување на ЕУ кон Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Расте довербата во турската економија“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој рече дека расте довербата во турската економија.

Индексот на економска доверба во април  изнесуваше 51,3 отсто, во мај 61,7 отсто. Оваа стапка во јуни се зголеми на 73,5 отсто. 2020 планираме да ја продолжиме со овој перформанс и на тој начин да се искачиме на повисоко ниво.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Домашниот и национален електричен воз на пруга“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече дека домашниот и национален електричен воз го сместија на пруга и наскоро ќе започнат фабричките  тестирања. Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече дека првиот домашен и национален електричен воз до крајот на годината ќе почне со патувањето и да ги пренесува патниците.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Логистичка поддрпка на 3 земји“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој рече дека во периодот на пандемијата, е-трговијата се стекна со поголем интензитет. Ќе формираме складишта за е-трговија за Велика Британија, Германија и Русија. Нашата цел е е-трговската платформа да биде една од петте најголеми во регионот.



Слични вести