Турски печат 29.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1445118
Турски печат 29.06.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Туфејли: Ердоган води напори за стабилноста на Либија“, информира дека Шејх Субхи Туфејли, еден од шиитските верски водачи во Либан, истакна дека не е дозволено религиски (џаиз) да се заземе место покрај Франција, Русија, Италија и Израел, против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Либија. „Ердоган води напори за интересите на народите и за стабилноста на Либија.“ – рече Туфејли и истакна дека Турција се испречува против амбициите на Франција и Израел, во Либија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во 24 засолништа и пештери на терористите е запленето оружје и муниција“, пишува дека според соопштението на Министерството за национална одбрана, во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се спроведува против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, во пронајдени 24 засолништа и пештери се запленети големи количини оружје и муниција, како и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. Во соопштението стои дека операцијата „Шепа-Тигар“ којашто е започната на 17 јуни продолжува успешно според планираното.

„Турција го зеде ветрот зад себе“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека Турција во последно време едно по друго соборува рекорди во делот на обновливата енергија во вкупното производство на електричната енергија. Во тоа е доста голем делот на инвестициите во обновливата енергија коишто растат во последните години. Турција засега помина 10 отсто од патот што ќе го прооди во енергијата на ветерот. Во моментов, во енергијата на ветер вкупната инсталирана моќ на Турција изнесува 8 илјади мегавати и се располага со потенцијал од 80 илјади до 90 илјади мегавати.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција, меѓу коридорите за патување на Англичаните“, информира дека британската Влада се подготвува по 6 јули да отвори коридор за патување со некои земји. Како што се истакнува меѓу овие земји се наоѓа и Турција. Туристичките фирми соопштија дека веднаш по оваа вест е доживеан интензитет во резервациите за одмор. Целосниот список на земјите со кои Велика Британија ќе го отвори коридорот за патување се очекува да биде познат во наредната недела.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Во туризмот во Бурса пандемијата се претвора во можност“, пишува дека во градот Бурса се фрлаат чекори на патот да се стане една од најпосетуваните дестинации за патување, во здравиот одмор. На чело на туристичката политика во градот којашто е планирана во согласност со условите на животот во нова нормала, се наоѓаат трекингот, кампувањето и туризмот со караван. На тој начин, градот Бурса освен со планината Улудаг, своите висорамнини, езера и морето, ќе биде во центарот на вниманието и со својата географска структура наменета за сите љубители на природата.



Слични вести