Турски печат 25.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1442794
Турски печат 25.06.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Првата дама на Парагвај побара помош од Емине Ердоган“, информира дека Турција, во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) му испрати повеќе од 281 илјада медицински материјали на Парагвај. Во објавеното соопштение од Министерството за народно здравје на Парагвај се истакнува следното: „Земајќи го во предвид списокот со потреби обезбеден од страна на Министерството за здравство Првата дама Силвана Абдо побара помош од нејзината пријателка Емине Ердоган. По ова, Турција донираше повеќе од 281 илјада медицински материјали.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Повик од Чавушоглу! Веднаш да се сопре“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во испратената писмена изјава до седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на која се разговараше за израелско-палестинскиот проблем и планот на Израел за анексија на окупираниот Западен Брег, го напиша следното: „Уште еднаш ја повикуваме израелската влада веднаш да ги сопре незаконските населби и незаконските планови за анексија.“

„Соопштение од Европската унија (ЕУ) до Турција: Треба да изградиме доверба“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел кој истакна дека изградбата на добри односи со Турција е во полза на Грција и Европската унија (ЕУ). Борел рече: „Затоа треба да стапиме во контакт со Турција и повторно да изградиме доверба.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Албајрак: Ќе профитира секој оној кој има доверба во турската лира“, им одделува место на следните изјави на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: „Истанбулската берза (ИБ), со растечката заинтересираност на инвеститорите од нова година досега чекор по чекор го продолжува својот раст со што стана една од малиот број берзи кои ги повратија своите загуби во 2020 година. Ќе профитира секој оној кој има доверба во турската лира и во приказната на раст на турските средства и компании.“ 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Кинезите го регистрираа автомобилот на Турција“, пишува дека дизајните на автомобилите на Иницијаторската група за автомобил на Турција (TOGG) се регистрирани од страна на Институцијата за патенти на Кина. Во споделената објава на профилот на Иницијаторската група за автомобил на Турција (TOGG) на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Нашите дизајни на SUV и седан, по Европската унија (ЕУ) сега се регистрирани во име на TOGG и од страна на Институцијата за патенти на Кина. На ред се нови континенти.“



Слични вести