Турски печат 23.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1441265
Турски печат 23.06.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Усвоен нацртот поднесен од страна на Турција“, информира дека во Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) беше усвоен нацртот во врска со состојбата на човековите права во Сирија поднесен од страна на Турција, Катар, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јордан, Кувајт, Мароко и Холандија. Нацртот беше усвоен во Советот со 2 „против“, 18 „воздржани“ и 27 гласа „за“.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот Албајрак: Турската економија ќе расте над очекувањата“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во врска со порастот од 5,2 отсто на индексот на доверба на потрошувачите во месец јуни, го рече следното: „Во процесот на нормализација нашата економија се опоравува побрзо во споредба со светските економии. Остварениот раст во индексот на доверба на потрошувачите во месец јуни покажува дека опоравувањето се одвива во позитивна насока.“

„Фрлени потписите во најголемиот извоз на одбраната“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека е фрлен потпис во еден критичен договор за соработка во однос на Проектот МИЛГЕМ (национален брод) Пакистан којшто претставува најголем извоз во одбраната на Турција. Корветите МИЛГЕМ коишто ќе бидат произведени за Пакистанските поморски сили се од значење од аспект на тоа што го покажуваат степенот до којшто се дојдени индустријата и инженерската способност на Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Светот беше восхитен. Азербејџан ќе купува наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција“, пишува дека Турција со потезите коишто ги повлече во одбранбената индустрија влезе меѓу земјите со право на збор во оваа сфера во светот. Со секој поминат ден расте побарувачката за наоружаните беспилотни летала (СИХА) на Турција кои презентираа супериорен перформанс во реализираните операции како против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, така и во Сирија и Либија. Азербејџан соопшти дека ќе купи наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Јувентус заинтересиран за 18 годишната турска ѕвезда“, информира дека светски познатата италијанска екипа која е задоволна од младиот турски фудбалер Мерих Демирал кој со одиграниот фудбал импресионира секого, сега е заинтересирана за младиот талентиран турски фудбалер Ерен Динкчи кој игра за германската екипа Вердер Бремен. Јувентус долго време како го следи 18 годишниот млад фудбалер напаѓач кој на 20 одиграни натпревари во Лигата U19 досега има постигнато 22 гола и игра со 12 асистенции. Италијански Јувентус кој е импресиониран од успешниот перформанс на младиот турски фудбалер Мерих Демирал достави предлог за негово изнајмување со опција за купување.



Слични вести