Турски печат 19.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1439021
Турски печат 19.06.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјава за Либија од Чавушоглу“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп постои позитивен приод по прашањето на Либија. Чавушоглу рече дека е добиена инструкција за заедничко работење со САД во Либија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Американскиот генерал во пензија Кимит: Турција му покажува пат на НАТО“, им одделува место на изјавите на американскиот генерал во пензија бригаден генерал Марк Кимит кој за време на претседателскиот мандант на Џорџ Буш во САД ја извршуваше задачата заменик потсекретар за одбрана. Пензионираниот бригаден генерал Марк Кимит го рече следното: „Постојат доста значајни прашања коишто ја засегаат Турција на Блискиот исток, како членка на НАТО. Таа како најблиска членка во регионот на Блискиот исток, му покажува пат на НАТО по прашањето на правењето проценка на грижите. Турција се докажа себе си како извонреден партнер на НАТО.“

„Соборен рекордот во последните 20 години“ гласи насловот на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, во врска со производството на енергија на Турција го рече следното: „Во месец април 2020 година домашниот процент изнесува 79,6 отсто, обновливиот процент 66 отсто. Овие вредности се регистрирани како највисоки вредности на месечна база од 2000 година досега.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Бродот за сондажа ‘Фатих’ тргнува на пат за дупчење“, информира дека бродот за сондажа „Фатих“ кој ги продолжува своите подготовки во пристаништето на градот Трабзон за реализација на активностите за дупчење (сондажа) во Црното Море, откако ќе ги заврши неопходните работи на 25 јуни ќе отплови во близина на Карадениз Ереглиси кадешто ќе ги започне активностите за дупчење (сондажа).

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Бајрактар ТБ2 ИХА ќе ги набљудува шумските предели против пожарите“, пишува дека техничкиот директор на одбранбената компанија „Baykar Savunma“ Селчук Бајрактар во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер, соопшти дека беспилотното летало Бајрактар ТБ2 (Bayraktar TB2 İHA) летајќи деноноќно ќе реализира набљудување против пожарите во шумските предели.



Слични вести