Турски печат 16.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1436702
Турски печат 16.06.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган ја честита 23-та годишнина од формирање на Д-8“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја честита 23-та годишнина од формирањето на Организацијата за економска соработка на 8 земји во развој (Д-8) чиј привремен претседавач е Турција. Претседателот Ердоган во својата порака го напиша следното: „Мотото на Д-8 е на местото на војната да завладее мирот, на местото на судирот дијалогот, на местото на двојниот стандард правдата и развојот, на местото на надвласта еднаквоста, на местото на експлоатацијата споделбата, на местото на притисокот и доминацијата човековите права и на местото на слободата да завладее демократијата.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Средба помеѓу Чавушоглу и Мас“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас. Двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Мас, во телефонскиот разговор дискутираа за процесот на нормализација со новиот тип коронавирус (Ковид-19), туризмот, укинувањето на предупредувањето за патување и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) за време на претседателствувањето на Германија со Европската унија (ЕУ).

„Изјава од Чавушоглу во врска со одложувањето на посетата на руските министри“, гласи насловот на веста на страниците на весникот весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека планираната посета на руските министри за надворешни работи и одбрана, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу, на Истанбул, е одложена со цел да бидат продолжени техничките разговори кошто ќе се одржат за воспоставување на траен прекин на огнот во Либија. Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Во нашите разговори со Русите нема било каков проблем.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Омер Челик: Операциите ќе продолжат“, информира дека во операцијата „Канџа-Орел“ којашто беше реализирана врз целите на терористичката организација во северниот дел на Ирак, се уништени 81 цел. Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик истакна дека борбата против терористичките организации кои се непријатели на човештвото ќе биде продолжена без да им се наштети на цивилите. Омер Челик рече: „Исто како и во однос на голем број прашања, Турција служи за пример за светот и во борбата против тероризмот.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Велеше дека оваа помош нема да ја заборавиме никогаш: Италијанскиот министер доаѓа во Турција“, пишува дека италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Луиџи Ди Мајо, на 17 јуни во среда ќе ја посети Турција. Во изминатите месеци кога Турција и достави помош на Италија во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Луиџи Ди Мајо и се заблагодари на Турција и рече: „Никако нема да ја заборавиме оваа помош.“



Слични вести