Турски печат 12.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1434420
Турски печат 12.06.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во 7 пилот градови започна примената 'тестирање за антитела'“, пишува дека во 7 градови започна примената „тестирање за антитела“ за која што беше соопштено од страна на министерот за здравство Фахреттин Коџа дека ќе се применува во 153 домови низ Турција. Здравствените екипи одејќи во домовите во главниот град Анкара утврдени во соработка со Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), земаа примероци за тестирање за антитела.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Порака за ТАНАП од министерот Албајрак: Повторно почувствувавме  гордост“, информира дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својот профил на социјалната медија сподели објава во која го напиша следното: „Работевме со сета сила за да би ја довеле Турција во положба на енергетски центар. Со ТАНАП (Трансанадолскиот гасовод) како еден од најстратешките фрлени чекори во оваа сфера дознавме дека вкупниот гас којшто ќе го пренесуваме во Турција ќе достигне до 6 милијарди кубни метри. Повторно почувствувавме гордост.“

„Турција стана една од двете земји со раст во првиот квартал во Г-20“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека според објавеното соопштение од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), и покрај глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) својот бруто домашен производ (БДП) меѓу земјите членки на Г-20 во првиот квартал од оваа година, го зголемија само Турција и Индија. Во извештајот на ОЕЦД стои дека со раст од 4,4 отсто на годишна база Турција е земја со остварен највисок економски раст меѓу земјите на Г-20 во првиот квартал од оваа (2020) година, од аспект на сезонски прилагодената стапка.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „На 15 јуни почнуваат меѓународните летови за 15 дестинации во 9 земји“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој најави дека заедно со олабавувањето на превентивните мерки коишто се преземаат низ светот во рамките на процесот на нормализација поради глобалната епидемија, почнувајќи од вчера се започнати меѓународните летови за 3 земји, Холандија, Германија и Англија, додека на 15 јуни ќе бидат започнати меѓународните летови за 15 дестинации во 9 земји.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Јунус Емре, Руми и Ибни Сина на пат кон САД ќе произведуваат маски“, информира дека поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми и побарувачката од заштитни маски. Во тие рамки, 3 брода по име „Јунус Емре“, „Руми“ и „Ибни Сина“ кои во месец јули од Истанбул ќе отпловат за Соединетите Американски Држави (САД) во текот на ова нивно патување ќе произведуваат заштитни маски. Овие маски ќе бидат извезени во земјите во кои ќе се патува.



Слични вести