Турски печат 08.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1431355
Турски печат 08.06.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Продолжување со работа во Анкара“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во рамките на преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги водеше своите работи од Истанбул и оттука одржа состаноци преку видеоконференција, пред 6 дена се врати во Анкара. Претседателот Ердоган продолжува да ги води своите работи во Претседателската палата „Куллијето“ во Анкара и на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја достави пораката „Продолжување со работа во Анкара“. Во споделената објава на претседателот Ердоган зазедоа место и сликани фотографии во Претседателската палата „Куллијето“.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Реакција од потпретседателот Фуат Октај против случајот со византиското знамеме“, информира дека потпретседателот Фуат Октај го осуди случајот со закачување на византиско знаме на џамијата Тузла во градот Ларнака во јужниот кипарско-грчки дел. Октај рече: „Кипарско-грчката управа треба да престане со охрабрување на непријателството против Турците и исламот за кое се водат обиди во последно време за негово заживување од страна на извесни мрачни средини во јужниот дел на островот. Треба на брз начин да ги стави во примена мерките коишто ќе се испречат пред овој болен менталитет.“

„Порака од Ибрахим Калин за Либија: Сите почнаа да доаѓаат на точката на нашиот претседател“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој правејќи проценка на последните случувања во Либија истакна дека се оценува за позитивно тоа што Соединетите Американски Држави (САД) и Русија го земаат за соговорник либискиот премиер Фајез ал-Сараџ. Ибрахим Калин рече: „Не е тешко да се види дека Хафтар го заврши својот животен век. Сите почнаа да доаѓаат на точката на нашиот претседател. Вклучувајќи ги и САД. Некаде пред 5-6 месеци американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со Хафтар и преку телефон. Сега се на точката дека Хафтар не е доверлив актер.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот за внатрешни работи Сојлу: Турција стана земја коа управува најуспешно со процесот на Ковид-19“, пишува дека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во врска со борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „Турција, од здравствениот систем до јавната администрација стана земја која управува најуспешно со овој процес. Управуваше успешно со процесот на Ковид-19 во рамките на бранот на миграцијата,“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Безбедноста на турските крајбрежја во аманет на домашниот софтвер“, информира дека почна предавањето на домашните софтвери кои ќе ја зголемат ефикасноста на мерките во однос на безбедноста на турските крајбрежја. Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир соопшти дека на Командата на крајбрежната стража и е предаден првиот софтвер пакет на Проектот за радарски систем за надгледување на крајбрежјата (SGRS) кој ќе се состои од станици опремени со радари и електро-оптички и други сензори.

 



Слични вести