Турски печат 04.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1429161
Турски печат 04.06.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Благодарност од поранешниот британски премиер до Турција за доставената помош“, се истакнува дека поранешниот британски премиер Гордон Браун во врска со испратената помош од страна на Турција на Велика Британија во рамките на борбата против Ковид-19 го рече следното: „Сакам да му се заблагодарам на турскиот народ поради тоа што го овозможи тоа.“ Привлекувајќи внимание на моќта на Турција во регионот во кој се наоѓа, Браун го истакна следното: „Се надевам дека Турција во иднина ќе одигрува конструктивна улога ѝ во регионалната политика ѝ од почирок аспект во европската политика.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава во врска со Турција од познатиот јапонски професор Канеко“, им одделува место на изјавите на познатиот јапонски професор Сатоши Канеко кој истакна дека ја цени помошта која пто Турција му ја доставува на светот во борбата против пандемијата. Јапонскиот научник Канеко рече: „Турција даде силна поддршка на мерките и предлозите на Светската здравствена организцаија (СЗО) со што презентира голем успех.“

„Потег од Турција за трговија со национална валута“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека Турција во 2019 година оствари извоз со национална валута во износ од 7,6 милијарди долари и увоз во износ од 11,1 милијарди долари. Целта е да се распространи уште повеќе трговијата со национална валута. Велејќи дека со Кина се разговара за трговија со национални валути, министерката за трговија Рухсар Пекџан го рече следното: „Ионака моментално имаме swap договор, треба да го доведеме во поактуелна состојба, да го зголемиме капацитетот. Разговараме за трговија со национални валути и со Јужна Кореја, Малезија, Индија и Јапонија.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција ќе влезе меѓу 10-те земји кои можат да произведуваат комуникациски сателит“, им се одделува место на следните изјави на министерот за трансорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу: „На 100 годишнината од нашата Република Турција ќе го заземе своето место меѓу 10-те земји во светот кои можат да произведуваат комуникациски сателит. Турксат 5А (Türksat 5A) ќе биде испратен во вселената во последниот квартал на 2020 година, Турксат 5Б (Türksat 5B) во вториот квартал на 2021 година, Турксат 6А (Türksat 6A) во 2022 година.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Се предаде терорист по кого се трагаше со награда од 1 милион турски лири“, пишува дека со активностите за убедување на Дирекцијата на полицијата на Дијарбакир на безбедносните сили во градот Хаќќари им се предаде еден од т.н. водачи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој се наоѓа во списокот на барани лица од тероризам и по кого е распишана награда од 1 милион турски лири и се наоѓа во категоријата означена со портокалова група. Бројот на припадниците на терористичката организација кои се предадоа оваа година само по пат на убедување се зголеми на 82.



Слични вести