Турски печат 02.06.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1427678
Турски печат 02.06.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од министерот Коџа за построги мерки“, информира дека министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер за последните податоци во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција. Коџа во оваа своја споделена објава го напиша следното: „Вкупниот број на нашите оздравени пациенти достигна до 130 илјади. Бројот на нашите нови случаи е на предвидливо ниво. Се намалува потребата за поддршка од апарат за дишење. Идните денови се поврзани со нашата внимателност кон хигиената на рацете и почитувањето на двете правила за носење маска плус социјално растојание.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Реакција од Омер Челик против нападот врз џамијата во Кипарско-грчката управа“, пишува дека портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик со споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против обидот за палење на џамијата Ќопрулу во градот Лимасол во Кипарско-грчката управа. Омер Челик го истакна следното: „Кипарско-грчката упраба треб ада преземе мерки против фашистите непријатели на исламот. Треба да се води борба против јазикот на политиката и медиумите кои го поттикнуваат, охрабруваат, непријателството против исламот. Кипарско-грчката управа што поскоро треба да ги пронајде сторителите.“

„Бродот за дупчење ‘Фатих’ во Трабзон“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“ кој пред неколку дена беше испратен од Истанбул за реализирање на своето прво дупчење (сондажа) во Црното Море, пристигна во градот Трабзон. Бродот којшто е пречекан со церемонија и чии демонтирани делови ќе бидат монтирани со специјален кран кој се подготвува во пристаништето, со своето прво дупчење ќе започне на 15 јули во локацијата Туна-1 во Црното Море во близина на Карадениз Ереглиси (Karadeniz Ereğlisi).

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Започнаа 3 домашни авионски летови“, информира дека заедно со чекорите за нормализација и укинувањето на ограничувањата во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19), од вчера започнаа и авионските летови. Првиот авионски лет беше реализиран од Истанбул за Анкара, а меѓу патниците се наоѓаше и министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој во оваа пригода го истакна следното: „Никако нема да отстапиме од елементите за задолжително носење на маска, целосно придржување кон социјалното растојание и преземањето на мерките за лична и институционална хигиена од страна на сите.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бројни пофалби за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)“, информира дека германското списание „Дер Шпигел“ напиша дека Турција стана тајна сила на нова генерација наоружани беспилотни летала (СИХА). Во написот на списанието се наоѓаат изрази коишто привлекуваат внимание и во врска со беспилотното летало (ИХА) Бајрактар ТБ2 (Bayraktar TB2) коешто се користи активно во операции внатре во земјата и преку границата, а воедно се истакнува дека Бајрактар ТБ2 (Bayraktar TB2) претставува најуспешен производ на турската одбранбена индустрија.



Слични вести