Турски печат 29.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1425457
Турски печат 29.05.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција брзо се нормализира“, пишува дека во Турција која дава успешен испит во епидемијата на новиот тип коронавирус почнувајќи од 1 јуни ќе биде целосно краното ограничувањето во меѓуградското патување. Државните службеници ќе се вратат на работа. Ќе бидат отворени градините. Ќе почнат да даваат услуга постројките за одмор на магистралните патишта. Спортските објекти ќе можат да дават услуга до 24 часот. Ќе можат да бидат отворени плажите, националните паркови и чајџилниците на отворено под утврдени правила и прописи.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повторно почнува јатскиот туризам“, информира дека ограничените јатски патувања коишто беа огрнаичени поради Ковид-19 ќе започнат повторно од јуни. Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу привлече внимание на степенот до кој е дојдено во борбата против епидемијата и рече: „Во Турција која постигна сериозен напредок во борбата против пандемијата на Ковид-19, исто како и во бројни сфери на 1 јуни повторно ќе бидат започнати и активностите на трговските јахти и дрвените бродови.

„Фудбалските лиги во Турција почнуваат на 12 јуни“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека повторно почнува возбудувањето во Супер лигата во која поради епидемијата на Ковид-19 беше се паузираше по одиграните натпревари од 26-тата недела. Фудбалската федерација на Турција (ФФТ) на состанокот што го одржа вчера донесе одлука за продолжување на сезоната на 12 јуни од онаму кадешто е паузирано. Според тоа, Супер лигата на 12 јуни ќе започне со натпреварите од 27-мата недела. Од друга страна, беше отфрлен и предлогот на 7 екипи за укинување на „отпаѓањето од лига“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Метју Брајза: Трамп треба да го земе за пример Ердоган“, им одделува место на изјавите на поранешниот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за односи со Европа и Азија Метју Брајза кој истакна дека Турција води успешна борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Брајза рече дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да го земе за пример претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Привлекувајќи внимание дека Турција додека води борба против епидемијата ја заштитува и својата економија од деструктивните ефекти, Брајза напомена дека САД и голем број европски земји не успеаја да го направат тоа.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) се многу силни против електронското војување“, пишува дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) за коишто се зборува често во последно време импресионираат. Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) кои освен операциите за воспоставување на внатрешната безбедност (безбедноста внатре во границите на земјата) делуваат во еден мошне широк простор во Сирија, зеверниот дел на Ирак, Средоземното Море, Егејското Море и во Либија, со своите можности и способности во електронското војување се појавуваат како елемент којшто ја менува играта на теренот.

 



Слични вести