Турски печат 27.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1424120
Турски печат 27.05.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин: Оние кои го поддржуваат Хафтар се на погрешна страна“, пишува дека портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вчера зборуваше за францускиот телевизиски канал „Франс 24“ кадешто направи проценка на најновите случувања во Либија. Калин рече: „Франција и сите оние кои сѐ уште го поддржуваат Хафтар се на погрешна страна во конфликтот во Либија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Потпретседателот Фуат Октај: Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“, информира дека потпретседателот Фуат Октај вчера преку видео конференција присуствуваше на церемонијата на потпишување на Договорот за економска и финансиска соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Нагласувајќи дека во период кога се подготвуваме за животот во нова нормала којшто ќе се воспостави поради влијанијата на епидемијата на новиот тип коронаровирус (Ковид-19), Турција ќе продолжи да стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Октај рече: „Одлучни сме заедно да ги фрлиме со сериозност и без да губиме време неопходните чекори за да обезбедиме Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да се стекне со одржлива економија.“

„Министерот за здравство Коџа: Постои значаен раст во бројот на оздравените пациенти“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој во објавеното соопштение вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со борбата на Турција против Ковид-19 го напиша следното: „Постои значаен раст во бројот на оздравените пациенти. Во бројот на пациентите на интензивна нега и интубирани пациенти пак, продолжува падот. Постигнатиот успех е резултат на хармонијата што ја покажаа 83 милиони. Нашиот нов начин на живот е: КОНТРОЛИРАН СОЦИЈАЛЕН ЖИВОТ, преземање на мерки од страна на сите заедно.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Помош од Турција за уште една земја“, пишува дека Турција со воениот карго авион „Коџа Јусуф“ испрати здравствени материјали и амбулантно возило за Чад, во борбата против Ковид-19. На карго пратките на турски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија (13. век) Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има по безнадежноста. Колку ли бројни сонца има по темнината.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Бродот за дупчење Фатих подготвен за Црното Море“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека се завршени последните подготовки за премин на бродот за дупчење (сондажа) Фатих во Црното Море. Министерот Фатих Донмез во споделената објава вчера на својот профил на Твитер информира дека бродот е подготвен за премин преку Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“ и го напиша следното: „(Бродот за дупчење) Фатих на 28 мај, одбележувањето на годишнината од благословеното освојување (освојувањето на Истанбул) ќе отплови за Црното Море.“

 



Слични вести