Турски печат 21.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешени изданија во Турција...

1420893
Турски печат 21.05.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавушоглу разговараше со својот руски колега Лавров“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор беа разгледани прашања посветени на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), туризмот и регионални случувања.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Акар соопшти: Неутрализирани се 1.411 терористи“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече дека непрекинато продолжува борбата против тероризмот во северните делови на Ирак и Сирија и дека од 1 јануари досега се неутрализирани1.411 терористи.

„Реакција од портпаролот во претседателскиот кабинет Калин против планот на Израел за анексија“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажа реакција против планот на Израел за анексија и окупација. Калин рече: „Го отфрлуваме планот на Израел за анексија на Западниот Брег и го повикуваме светот да заземе став против овој план. Окупацијата и анексијата се злосторство. Турција ги поддржува сите чекори коишто ќе бидат фрлени против политиката на окупација и анексија на палестинските територии.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјави од министерот Коџа“, им одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој рече дека преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се присвоени од страна на општеството. Министерот Коџа, по состанокот на Научниот совет одржа прес конференција на која информираше дека борбата против коронавирусот ќе биде најголема мобилизација во поблиско време. Коџа рече: „Откако бројот на случаите на зараза ќе опадне под илјада (дневно), овој пад ќе претставува показател за конечниот успех.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Соопштен индексот на доверба на потрошувачите за месец мај“, информира дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти индексот на доверба на потрошувачите во врска со месец мај. Индексот на доверна на потрошувачите во мај во споредба со минатиот месец забележа раст од 8,5 отсто; Индексот во април изнесуваше 54,9 отсто, додека во мај се покачи на 59,5 отсто.



Слични вести