Турски печат 15.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1417724
Турски печат 15.05.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Коџа: Бројот на тестови надмина 1,5 милиони“, им одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој истакна дека Турција во бројот на направените тестови надмина 1,5 милиони. Министерот Коџа вчера во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Во вкупниот број на тестови надмнавме 1,5 милиони. Продолжува да се намалува бројот на нашите пациенти на интензивна нега и кои се интубирани. Стапката на оздравување во нашиот вкупен број на случаи изнесува 71,8 отсто. Нашиот нов начин на живот е контролиран социјален живот, односно преземање на мерки од страна на сите заедно. Условот е: Маска + 1,5 метри социјално растојание.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Борбата на Турција против коронавирусот во јапонскиот печат“, информира дека јапонскиот информативен орган „FNN Prime“ објави вест во врска со борбата на Турција против коронавирусот. Во веста на овој телевизиски канал Турција се прикажува како најуспешна земја во борбата против новиот тип коронавирус. Во веста на јапонскиот телевизиски канал им се одделува широко место на лекувањето коешто се применува во Турција, постепено воведените забрани, раздадените маски и доставената помош до старите лица.

„Извонреден чекор од Турција! Новина од Фатих“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на следните изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: „Планираме за прв пат да го реализираме нашето длабоко дупчење со нашиот сопствен национален брод за дупчење (сондажа) Фатих и тоа ѝ во Источниот Медитеран, а почнувајќи од јули ѝ во Црното Море.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рибата хамси од Црното Море обезбеди заработка од 768 илјади долари“, пишува дека од Источно Црноморската област во риболовната сезона 2019-2020 година е реализиран извоз на риба хамси (вид црноморска сардела) во износ од 768.217 долари. Според добиените податоци од Унијата на извозниците од Источно Црноморската област (DKİB), во риболовната сезона којашто го опфаќа периодот од 1 септември 2019 до 30 април 2020 година од областа се продадени 433 тони риба хамси на 5 земји.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Corendon ќе и продава на Турција пакет одмори без корона“, информира дека холандскиот тур оператор „Corendon“ соопшти дека на ограничен број дестинации меѓу кои се наоѓа и Турција ќе им понуди пакет одмори (патувања) без „корона“. Овој тур оператор соопшти дека туристите под услов да не излегуваат од хотелите во кои се сместени во текот на одморот ќе можат да поминат одмор без загриженост од социјално растојание и маска.



Слични вести