Турски печат 13.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1416231
Турски печат 13.05.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Градската болница Башакшехир во јапонскиот печат“, пишува дека Градската болница Башакшехир на неколку дена пред нејзиното отворање зазеде место во јапонскиот печат кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Во вестите се привлекува внимание на капацитетот на болницата која ќе дава услуга со приближно 2.700 кревети. Се истакнува дека џиновскиот здравствен комплекс е поголем од болницата на Универзитетот Фужита која е најголема болница во Јапонија. Во вестите објавени во јапонскиот печат се вели дека болницата ќе одигра голема улога во лекувањето на пациентите заболени од коронавирусот и се привлекува внимание дека во оваа болница почнаа да се примаат заболените од Ковид-19. 

Весникот "Стар" во веста под наслов "Од Групата за афирмирање на Турција промовирање со комплет за хигиена со лого 'Made in Türkiye' ", информира дека Групата за афирмирање на Турција (TTG) со цел симболирање на духот на солидарност и зголемување на бренд вредноста на земјата има за цел коплетите со специјален дизајн составени од производи за хигиена со лого „Made in Türkiye“ да ги испрати до големите купувачи, претставниците на трговските здруженија, претставниците на печатот и светски познатите феномени на социјалните медиуми во над 60 земји и со тоа да гоа промовира и раскаже успехот на Турција во производството, снабдувањето и извозот. 

„Новина во светот од турската екипа во САД“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто се истакнува дека турскиот професор проф, д-р Булент Озполат и неговата екипа кои работат во Центарот за рак MD Anderson на Универзитетот во Тексас, кој инаку е едниот од најзначајните центри за рак во светот, за прв пат во светот ќе развие лек против Ковид-19 со методот на замолчување на гените. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „АСЕЛСАН помеѓу четирите одбранбени компании коишто се подложени на најмало влијание од коронавирусот во светот“, информира дека турската компанија за Воена електронска индустрија АСЕЛСАН на рангирањето на јавните компании на списокот на компаниите „ Defence News Top 100“ е едната од првите четири одбранбени компании чија пазарна вредност е подложена на најмало влијание од процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус во светот.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Детал за Турција во извештајот за Ф-35 поднесен до Конгресот на САД“, пишува дека во извештајот за Ф-35 за снабдување подготвен од страна на Канцеларијата за полагање сметка при Владата на САД (GAO) се привлекува внимание дека иницијативата за исклучување на Турција од програмата на борбените авиони Ф-35 би можела уште повеќе да доведе до нарушување во процесот на производство и снабдување на програмата којашто е во застој.



Слични вести