Турски печат 11.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1414644
Турски печат 11.05.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: Турција ќе стане здравствен центар“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека до крајот на бајрамските празници (26 мај) ќе бидат отворени епидемските болници во Санџактепе во Истанбул. Велејќи дека епидемските болници ќе бидат користени и за заживување на здравствениот туризам, претседателот Ердоган рече: „Странските пациенти одеа во градот Кливленд во Соединетите Американски Држави (САД), но отсега ќе доаѓаат во Истанбул.“ Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека со ова отворање Турција ќе стане здравствен центар.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Ковид-19 ќе го пребродиме побрзо од другите земји во светот“, исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пред кој беа немоќни дури и развиените земји, освен тоа што ги обезбеди своите сопствени потреби им даде поддршка и на другите земји. Ердоган напомена дека доколку сите граѓани се придржуваат кон мерките верува оти Турција Ковид-19 ќе го преброди за порано од другите земји во светот.

„Домашниот лек TR-C 19 влегува во сериско производство“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека за кусо време ќе започнат клиничките работи над доброволни пациенти на домашниот лек TR-C 19 кој ќе стане ефикасен лек против Ковид-19 кој продолжува да го потресува светот. Претходно беше докажано дека TR-C 19 го неутрализира вирусот во лабораториска средина. Сериското производство на лекот ќе започне во постројките во Истанбул на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК).

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Туризмот во Турција почнува на крајот на мај“, информира дека министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој ја соопшти патнатата карта на туризмот на Турција. Според тоа, домашниот туризам ќе започне на крајот на мај, а странскиот туризам по јуни. На аеродромите и граничните премини на сите туристи, домашни и странски, ќе им бидат извршени 2-3 минутни тестирања. Растојанието помеѓу масите во хотелите и рестораните ќе биде 1,5 метри, а помеѓу столовите 60 сантиметри. Системот „ол инклузив“ ќе продолжи. Нема да се укине неограниченото бифе со секакви јадења, а ќе се промени само начинот на принесување т.е. сервис.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Започна одбројувањето на аеродромот Сабиха Ѓокчен за повторно започнување со летови“, пишува дека по привремената пауза од 28 март во рамките на мерките коишто беа преземени поради епидемијата на Ковид-19 меѓународниот аеродром Сабиха Ѓокчен во Истанбул се подготвува на 28 мај повторно да ги отвори своите врати. Согласно новите воведени правила, внатре во терминалната зграда нема да биде примен ниту еден патник. Блиските на патниците не ќе можат да влезат внатре во терминалот. Внатре во авионот ќе можат да се примат само средства за нега на бебиња, лаптопи и женски ташни. Ќе биде дозволено во авионот да бидат внесени течности како што се колонска вода или средства за дезинфекција.



Слични вести