Турски печат 07.05.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1412448
Турски печат 07.05.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Коџа: Првиот период го заокруживме, вториот период е ‘Контролиран социјален живот’“, им одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој истакна дека Турција го заврши првиот период во борбата против коронавирусот и дека започна вториот период. Министерот Коџа рече: „Мислиме дека е погодно да му дадеме име на новиот период. Тоа име е ‘Контролиран социјален живот’. Постојат две правила коишто ќе се применуваат во овој период. Како прво, ако излегуваме надвор ќе користиме маска, второ ќе го регулираме социјалното растојание.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Чавушоглу: До Турција се обратија 128 земји“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека 128 земји од светот побарале помош во медицински материјали од Турција во вид на неповратна помош, дозвола за извоз или купување и дека се задоволени барањата на приближно половината од нив. Чавушоглу рече: „Две третини од земјите во светот побараа медицински материјали од Турција. Тоа покажува дека Турција е доверлив извор.“

„Пофалби од амбасадорите за борбата на Турција против коронавирусот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека 7 амбасадори кои во Анкара го раскажаа процесот на коронавирусот, упатија пофалби на сметка на борбата на Турција против епидемијата. Велејќи дека Турција е од водечките земји во спречувањето на епидемијата на коронавирусот, амбасадорите привлекоа внимание на тоа дека додека во другите земји растат случаите на зараза благодарение на успехот на системот на формирање на радијациски екипи, бројот на случаите на зараза во Турција се намалува.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Впечатлива изјава од познатиот инвеститор Марк Мобиус: Можност за Турција“, информира дека познатиот инвеститор д-р Марк Мобиус рече дека Турција би можела да ја зајакне својата позиција во глобалната трговија во кризата со коронавирусот и дека кризата нуди можности во бројни сфери за Турција, од инвестиции до синџирите на снабдување и од цените на нафтата до акциите.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Награда, гордост за Турција“, пишува дека професорот на Медицинскиот факултет на Економскиот универзитет во Измир д-р Дениз Џејлан со своите студии во врска со утврдувањето на болеста биполарно нарушување со тест на крвта стана добитник на меѓународна награда. Д-р Дениз Џејлан ја доби наградата „Млад истражувач“ и стана трета личност во Турција одликувана со оваа награда.



Слични вести