Турски печат 05.05.2020

Еве ги познаачајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1410882
Турски печат 05.05.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Живототот во Турција почнува да се враќа во нормала“, пишува дека почнува да се враќа животот во нормала во Турција која помина еден успешен процес во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Според планот, почнувајќи од 10 мај во недела за лицата над 65 годишна возраст во прва фаза се воведува можност за излегување надвор на отворено во времетраење од 4 часа во еден од деновите кога е воведена забрана за излегување на улица (забрана за движење). Оваа флексибилност ќе се применува во две групи и за младите под 20 годишна возраст. Освен тоа, на 11 мај ќе бидат отворени повторно и работните места какошто се берберниците, фризерските салони и салоните за убавина. Почнувајќи од 11 мај ќе почнат да даваат услуга и купопродажните центри.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Французинот Мурад Газли му ја раскажува на светот Турција“, информира дека францускиот граѓанин Мурад Газли чија видео снимка којашто ја сними во еден маркет во Анталја во врска со борбата против епидемијата на коронавирусот одекна ширум светот, овојпат сподели видео од моментот на добивање на 5 маски од аптека со доставување на својата лична карта. Овааа видео снимка на Газли во која истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган води грижа за својот народ, за кусо време беше гледана од страна на десетици илјади лица.

„По пандемијата Турција ќе стане привлечен центар“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) Абдруррахман Каан кој истакна дека Турција со испитот што го даде за време на епидемијата на Ковид-19 која го зафати целиот свет, му ја покажа својата сила на светот. Каан рече дека е спремна секој вид инфраструктура во секторите и дека по епидемијата Турција ќе стане привлечен центар.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Одговор од Турција на тврдењето на Грција ‘беше вознемирен нашиот хеликоптер’ “, пишува дека портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој информира дека не ја одразува вистината тврдењето околу тоа дека хеликоптерот во кој се наоѓал грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос бил вознемирен од страна на турските воени авиони над Егејското Море. Велејќи дека турските воени авиони ги реализираат своите рутински активности над Егејското Море, Аксој го рече следното: „Не е во корист на Грција со драматизирање на рутинските летови да се настојува да се ескалира тензијата.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Домашна програма за видеоконференција: Дијалог“, пишува дека во текот на овој месец ќе биде ставена во употреба домашна програма за видеоконференција Дијалог којашто обезбедува висок степен на безбедност во услови на онлајн работа (работа од далеку). Со програмата „Дијалог“ за чие користење не постои потреба од никаква инсталација на апликација може да се оствари видео разговор со висок квалитет и без да постои одредена посебна опрема. Во оваа апликација не постои ограничување на корисници или време, а воедно може да се користи доста лесно и од страна на критични институции и лица поединци. Голем е потенцијалот и за извоз на овој производ во пријателските и сојузничките земји.



Слични вести