Турски печат 29.04.2020

Еве ги познаачајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1407306
Турски печат 29.04.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Промените во светот и пружаат нови можности на Турција“, им одделува место на изјавите на пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека е значајно да продолжат да се спроведуваат превентивните мерки во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Нагласувајќи дека промените во светот укажуваат на тоа дека се отвораат прозорци на нови и големи можности пред Турција, претседателот Ердоган им се збалагодари на граѓаните кои се придржуваат кон преземените превентивни мерки во овој период, а воедно додаде дека тогаш кога постепено ќе се укинат мерките за епидемија ќе почнат повторно да се вртат со полн капацитет тркалата за производство во Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Отворен е во Турција, располага со специфичност по тоа што е прв во светот“, пишува дека на Истанбулскиот медицински факултет е отворен Центар за следење на пациентите со Ковид-19. Центарот кој е прв во Турција и во светот, а кој ќе ги утврди пациентите кои имаат тешко претрпено инфекција на Ковид-19 и кои треба да се следат потоа во првиот, третиот, шестиот, деветиот и дванаесетиот месец, а воедно ќе ги утврди и проблемите до коишто би дошло кај овие пациенти. На тој начин овој центар ќе ги следи пациентите во текот на една година.  

„Студент заболен од белите дробови во Русија со амбулантен авион донесе во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој соопшти дека студентот Халук Хасан Сејитханоглу заболен од белите дробови кој не можел да се оперира во Русија со амбулантен авион е донесен во Турција. Министерот Коџа во објавеното соопштение на својот профил на Твитер го истакна следното: „Нашиот брат кој не можел да се оперира во Русија со инструкција на нашиот претседател е донесен на лекување. Му посакувам побрзо оздравување.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Странците купуваат станови во Турција и без да ги видат“, информира дека поради глобалната епидемија од месец март во Турција започнаа онлајн продажби на станови за странци. Интересирањето на странците кои не можат да патуваат за Турција е пренесено на онлајн платформи како што се Facetime, Zoom, Skype и WhatsApp. Иновативниот поглед, технолошките можности и интензитетот што го долови Турција во здравството, станаа причина да се појави побарувачка на меѓународен план. Вредноста на онлајн продажбата на станови за странци во месец март изнесува над 100 милиони турски лири (приближно 14,5 милиони долари).

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нови правила од Турција за меѓународниот транспорт на стока“, пишува дека министерството за транспорт и инфраструктура ги соопшти новите правила на Турција во однос на меѓународниот транспорт на стока. Според тоа, 14 дневниот рок на карантин којшто се применува за возачите на шлепери кои превезуваат стока за Турција од Централна Азија, а пред се од Русија и Казахстан, нема да се применува доколку возачите не слегуваат од камионот и доколку придржувајќи се кон утврдените правила во рок од 72 часа ја напуштат земјата. Камионите откако ќе влезат во Турција ќе се следат со систем за следење на возила.



Слични вести