Турски печат 27.04.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1405721
Турски печат 27.04.2020

Весникот „Хурријет“ во веста од наслов „Турскиот граѓанин кој не беше лекуван во Шведска донесен во Анкара“, пишува дека турскиот граѓанин Емруллах Ѓулушкен (47) татко на 4 деца кој живее во градот Малме, во Шведска и на кого и покрај тоа што му бил направен тест и бил позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не бил хоспитализиран да биде лекуван и бил вратен дома, по повикот на неговите ќерки преку социјалната медија вчера со амбулантен авион е донесен во Турција. Амбулантниот авион со Емруллах Ѓулушкен вчера околу 13:40 часот по турско време слета на аеродромот Есенбога во Анкара. Емруллах Ѓулушкен и неговите деца по извршените лекарски контроли со амбулантни возила кои чекаа на аеродромот беа префрлени во Градската болница во Анкара. Оваа акција за евакуирање којашто започна наутро во 06.00 часот траеше 7 часа 40 минути.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција во борбата против коронавирусот стои покрај своите граѓани и во странство“, информира дека Турција која добива пофалби и заслужува ценење со преземените мерки против епидемијата на коронавирусот и со распространетите и достапни здравствени услуги, не ги остави сами и своите граѓани во странство. Турските граѓани од сите четири страни на светот а пред се од Европа која се соочува со тешкотии да изнајде решение за да ги лекува дури и своите сопствени граѓани, со успешно реализирани операции се донесени во Турција. Вкупната бројка на донесените турски граѓани во земјата изнесува над 40 илјади.  

„Министерот за здравство Коџа сподели: Се гордеам со мојата земја“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа вчера преку својот профил на социјалната мрежа Твитер ги сподели фотографиите на болниците Окмејдани во Истанбул, во Анкара, Кајсери и на Градската болница Башакшехир, кадешто го напиша следното: „Во блиско време ниту една земја не посвети толку внимание на здравството. Се гордеам со мојата земја.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значајна постапка од Туркиш Ерлајнс“, информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со остварениот лет за евакуирање од главниот град на Црна Гора, Подгорица, донесе во Турција 153 турски државјани. Екипажот на летот остварен во посебен ден со анонсирањата им оддаде почит и на своите колеги кои починаа од коронавирусот.

Весникот „Стар“ во веста под насов „Министерството за национална одбрана: Во Егејското Море и во Источниот Медитеран реализирани подготвителни вежби за операции“, пишува дека според обајвеното соопштение од Министерството за национална одбрана во периодот од 22 до 24 април во водите на Егејското Море и Источниот Медитеран се реализирани подготвителните вежби за операции на Командата на поморските сили. Во овие вежби учествуваа 27 воени бродови, поморски патролни авиони, хеликоптери и беспилотни летала (ИХА).



Слични вести