Турски печат 15.04.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1398332
Турски печат 15.04.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган разговараше со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера оствари телефонски разговор со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар. Според добиени информации од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека поддршката на Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе продолжи и во процесот на борбата против коронавирусот. Освен тоа, во разговорот беа разгледани и билатералните односи и регионални прашања.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Советот за безбедност на Обединетите нации многу задоцни за разгледување на прашањето со новиот тип коронавирус“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) многу задоцни за разгледување на прашањето со новиот тип коронавирус. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на панелот под наслов „Што треба да се прави денеска за одредување на иднината?“ што се одржа вчера преку видеоконференција во заедничка организација на тинг-тенг асоцијациите со седиште во Вашингтон DC, Атлантскиот совет и Турската фондација за наследство (THO), укажа на тоа дека Турција секогаш зазема став на страната за реформа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

„НАТО соопшти: За прв пат користен од Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој нагласувајќи ја Турција во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „ Кол центарот на НАТО за прв пат е користен за олеснување на доставувањето на помош од Турција за Велика Британија.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс ги сопре своите меѓународни летови“, информира дека според објавеното соопштение од Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во правец на донесените одлуки од страна на официјалните власти и преземените мерки се сопрени до 20 мај 2020 година сите меѓународни летови.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Расте извозот на суви смокви“, пишува дека продажбата на сувите смокви како производ во чие производство и извоз Турција е водечка земја во светот, оваа сезона достигна до 180 милиони долари. Според податоците на Унијата на егејските извозници (ЕИБ или EİB), во периодот од 29 септември 2019 кога започна сезоната за извоз на суви смокви до 4 април 2020 година се продадени во странство 50.822 тони суви смокви и од тоа се заработени приходи во износ од 179 милиони 954 илјади долари.



Слични вести