Турски печат 07.04.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1392639
Турски печат 07.04.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Две болници за епидемија, на аеродромот Ататурк и во Санџактепе“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната прес конференција по состанокот на претседателскиот кабинет истакна дека во Истанбул ќе бидат изградени 2 болници за карантин и го рече следното: "Во моментов на местото на аеродромот Ататурк во Јешилќој продолжуваат работите за планот/проектот за болница со капацитет од 1.000 кревети, на ист начин во Санџактепе ќе изградиме едноспратна болница. Нив ќе ги изградиме во рок од 45 дена и целосно ќе ги ставиме во услуга на нашиот човек, нашиот народ."

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Напишаа писмо до претседателот Ердоган, побараа поддршка против вирусот“, информира дека Бошњачкиот национален совет (БНВ) кој делува во областа Санџак кадешто во мнозинство живее бошњачко население, во Србија, побара помош од Турција во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус. Од друга страна, и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров истакна дека неговата земја во рамките на борбата за справување со епидемијата побарала помош од Турција.

„По Кина првото лекување од коронавирусот со крвна плазма е реализирано во Малатја“ гласи насловот на веста на весникот „Хурријет“, кадешто се вели дека лекувањето од новиот тип коронавирус со крвна плазма по Кина за прв пат во светот започна во Медицинскиот центар Тургут Озал на Универзитетот Инени во градот Малатја. За лекувањето со кое се постигнува 80 отсто успех против вирусот, од лицата кои се заразени од коронавирусот а потоа се излекувани и отпуштени од болница се бара да донираат (даруваат) крвна плазма за болните чие лекување продолжува во болница.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Добра вест од Фич Рејтингс за Турција: Растот ќе продолжи“, пишува дека во период кога поради коронавирусот е подложена на сериозно влијание и светската економија од меѓународната агенција за кредибилитет „Фич Рејтингс“ пристигна соопштение за Турција коешто израдува. Директорот на Фич Даглас Винслоу истакна дека почнувајќи од третиот квартал од годинава се очекува да се зголеми растот во Турција, а во 2021 година овој раст се предвидува да достигне до 4,5 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Раст на побарувачката од САД, Италија и Шпанија за турското овошје и зеленчукот“, информира дека Соединетите Американски Држави (САД), Италија и Шпанија кои привлекуваат внимание по големиот број човечки загуби и заразени лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во месец март, исто така се три земји од кои има зголемена побарувачка од свежо овошје и зеленчук од Турција во овој период.



Слични вести