Турски печат 03.04.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1390378
Турски печат 03.04.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од претседателот Ердоган за борба против коронавирусот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека здравствената инфраструктура на Турција е во доста добра состојба во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во споредба со другите земји од аспект на персоналот, лековите, материјалите и можностите за интензивна нега со коишто располага. Претседателот Ердоган во објавата споделена на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Со нашата здравствена инфраструктура Иншаллах (со Аллахова помош) и овој тежок процес како што е борбата против коронавирусот ќе го пребродиме со полагање на испит којшто ќе послужи за пример.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „88 земји побараа поддршка од Турција во опрема“, пишува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во процесот на борба против коронавирусот 88 земји побараа опрема од Турција. Министерот Коџа вчера разговараше преку видеоконференција со регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) д-р Ханс Клуге. Во разговорот, министерот за здравство Фахреттин Коџа и д-р Ханс Клуге направија проценка на пандемијата Ковид-19 и беше потпишан двогодишен договор за соработка за 2020 и 2021 година помеѓу Турција и Европскиот регион на Светската здравствена организација (СЗО).

„Работите за вакцина против коронавирусот... Изјави од министерот Мустафа Варанк“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк вчера одржа виртуелна конференција во врска со работите за развивање на вакцина против коронавирусот. Министерот Варанк истакна дека има 14 различни проекти за развивање на вакцина и лекови и дека во врска со прашањето работат стотици истражувачи од 40 институции. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „И се заблагодари на Турција: Никогаш не би можеле да заборавиме“, пишува дека известувачот на Европскиот парламент за Турција Начо Санчез Амор и се заблагодари на Турција за испратената медицинска помош на Шпанија за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го рече следното: „Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што ја покажавте.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Раст од 41 отсто во продажбите на автомобили во првиот квартал“, пишува дека вкупниот пазар на автомобили и лесни комерцијални возила на Турција на крајот на месец март 2020 година во споредба со истиот тромесечен период минатата (2019) година, со раст од 40,62 отсто изнесуваше 124.403 автомобили. Во првиот квартал од годинава во продажбите на автомобили е остварен раст од 44,79 отсто, а во пазарот на лесни комерцијални возила раст од 26,03 отсто. Во месец март пак, кога поради епидемијата на коронавирусот производството беше во застој во текот на 2 недели, вкупниот пазар со раст од 1,6 отсто беше на ниво од 50 илјади возила. 



Слични вести