Турски печат 01.04.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1388857
Турски печат 01.04.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Критичен разговор за коронавирусот од претседателот Ердоган и Трамп“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Во телефонскиот разговор стана збор за епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Двајцата лидери, Ердоган и Трамп, постигнаа согласност во однос на тоа дека борбата против епидемијата би можела да резултира со успех само со глобална солидарност и соработка.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Лекувањето од коронавирус со крвта на излекуван пациент почнува и во Турција“, информира дека Министерството за здравство и турската Црвена полумесечина „Кизилај“ стапија во акција, универзитетите дадоа поддршка; со што во борбата против епидемијата на коронавирусот ќе започне лекувањето на болните во критична состојба со крвна плазма којашто ќе биде земена од претходно заболени и излекувани лица.

„Историски потег од НАТО којшто ќе ги промени рамнотежите! На листата ја има и Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја соопшти листата на лицата кои ќе го водат процесот за врендување (проценка) за зајакнување на политичката димензија на Алијансата. Едниот од тие експерти (идејни мислители) на листата ќе биде и турскиот амбасадор Таџан Илдем кој ја извршува должноста заменик генерален секретар на НАТО.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерството за национално образование соопшти: Дневно ќе се произведуваат по 100 илјади парчиња“, пишува дека како резултат на работите за истражување и развој коишто се започнати од страна на Министерството за национално образование во склопот на мерките против коронавирусот, во стручната и техничка анадолска гимназија во Ќучукќој во Истанбул е завршена изработката на автоматската Машина за ултрасонична хируршка маска со 3 жици. Во оваа гимназија започна производството на дневно по 100 илјади хируршки маски.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Првиот прототип на домашниот респираторен апарат“, информира дека техничкиот директор на компанијата за одбранбена индустрија „Бајкар“ Селчук Бајрактар на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео во врска со првиот прототип на домашниот респираторен апарат. Бајрактар во својата видео објава го напиша следното: „Првиот прототип на сериското производство на нашиот домашен респираторен апарат... Со техничка поддршка и придонесите на @biyovent дизајнираше, @arcelik произведе и на инжинерите за одбрана на @aselsan и @baykar_savunma ...“



Слични вести