Турски печат 30.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1387374
Турски печат 30.03.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Градските болници на Турција станаа пример за светот“, пишува дека во период кога новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема животи во целиот свет, како и да се забележува и меѓу здравствените работници и во Кина и Европа, погледите се свртеа кон градските болници коишто беа изградени во последните 15 години во Турција и кои располагаат со пространи покриени простори. Според едно спроведено истражување во Кина, е дојдено до заклучок дека 40 отсто од случаите на 81 илјада заразени лица се прошириле поради пренесување на вирусот во болниците, додека градските болници во Турција со покриени простори од 450 илјади квадратни мерки и повеќе за половина ја намалија брзината на ширење на вирусот во земјата. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција располага со сила да ја победи оваа епидемија“, информира дека Махмут Билгич, претседателот на Управниот одбор на компанијата за лекови Неутек како трета компанија на Турција со најголем број патенти која со своите над 3.000 вработени произведува лекови и остварува извоз во 50 земји, истакна дека Турција располага со положба и сила да се справи со коронавирусот. Билгич рече дека со посредство на некаде околу 25 илјади аптеки низ Турција му се ставени на услуга на народот лекови и додатоци на храна за зајакнување на имунолошкиот систем.

„Турција ќе биде една од економиите коишто ќе го пребродат процесот со најмала штета“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на потретседателот на Централната банка на Турција Огузхан Озбаш кој истакна дека турската економија со својата динамична структура ќе биде една од економиите кои процесот ќе го пребродат со најмала штета и за кусо време. Нагласувајќи дека Централната банка располага со мошне широк и ефикасен комплет од инструменти, Озбаш рече дека располагаат со можности за нивно силно и брзо искористување.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Франција не презеде мерки како Турција“, пишува дека турскиот фудбалски репрезентативец кој игра за француската екипа Ле Хавр Умут Мераш истакна дека луѓето во Франција не ја оценија за сериозно заканата од коронавирусот, шетаа по улиците и не покажуваа чувствителност во однос на носењето на маски и ракавици. Умут Мераш рече: „Луѓето во Франција не презедоа мерки како во Турција. Во Франција во моментов има лоша слика како во Италија. Згора на тоа велат дека состојбата оди кон полошо.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Расте како лавина поддршката на кампањата започната од страна на фудбалерите“, информира дека првите чекори коишто обезбедија да стапи во акција фудбалското семејство беа фрлени со изјавата на поранешниот фудбалер репрезентативец Тунџај Шанли кој истакна дека својот хотел во Сакарја ќе им го стави на располагање на здравствените работници. Потоа следеа донациите на Адем Бујук и Мерих Демирал на Министерството за здравство во маски, комплети за тестирање и заштитна опрема. Мерих Демирал донираше и комплети книги за учениците и храна за лицата кои имаат потреба. Фудбалерите кои преку социјалната медија ја пренесоа меѓусебно пораката „Дали си и ти за?“, овозможија кампањата да расте како лавина.



Слични вести