Турски печат 27.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1385927
Турски печат 27.03.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов "Претседателот Ердоган: Треба да стапиме во акција за зголемување на довербата во глобалната економија", пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера преку видеоконференција учествуваше на вонредниот Лидерски самит на Г-20 што се одржа со дневен ред посветен на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на самитот го рече следното: „Како што направивме во периодот на глобалната финансиска криза треба што побрзо да стапиме во акција. Немаме луксузност сите да применуваме протекционистички и еднострани политики. Ги повикувам сите земји на праведен начин да учествуваат во борбата против оваа глобална здравствена криза, се додека целото човештво почне слободно да земе здив.„

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Алтун: Ако не постои меѓународна солидарност, не може“, им одделува место на изјавите на шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун кој во однос на борбата против коронавирусот го рече следното: „Меѓународната солидарност е услов без кој што се не може во борбата против овој смртоносен вирус кој не остави ниту една земја во светот во која не влезе. Не треба да дозволиме овој вирус да ги принуди земјите да зацртат нови граници што пак ќе доведе до попречување и застој на глобалната соработка.“

„Реакција од Министерството за надворешни работи против Грција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој кој изјави дека Грција го изоставува од вид принципот на правично и праведно разграничување коешто претставува основно правило во разграничувањето на сферите на надлежност во морето и дека нејзините тврдења за сферите на надлежност во морето коишто ги поставува на дневен ред како да е островска држава (архипелаг) се во спротивност со меѓународното право“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Раст на побарувачката на сапун од страна на земјите во светот од Турција“, пишува дека по епидемијата на коронавирусот којашто го зафати целиот свет се зголеми побарувачката на сапун од страна на земјите во светот од Турција. Така од градот Ајдин се обезбедуваат потребите од сапун на повеќе од 40 земји ширум светот, од Карибите до Куба и Русија и од латиноамериканските земји до Сибир.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Џиновски договор помеѓу Турција и Кина“, информира дека Фондот на средства-ресурси на Турција (TVF) и Институцијата за извоз и кредитно осигурување на Кина (Sinosure) потпишаа документ за соработка во вредност од 5 милијарди долари, а со цел зголемување на економската, трговската и инвестиционата соработка помеѓу двете земји.



Слични вести