Турски печат 24.03.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјата и светот

1383714
Турски печат 24.03.2020

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под насов „Не постои сличен пример на солидарноста како во Турија“ ја објавува изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа кој рече дека борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) што се води во Турција многу се разликува од борбата против вирусот во другите земји во светот. Солидарноста која што ја покажавме заедно целиот народ, не постои никаде на светот. Турција следеше политика на здрав разум. Сериозно беше земена во предвид социјалната психологија. Го намали полето на ризици. Претстојните денови ќе ги објавиме случаите на подобрување. Бројот на подобрените пациенти е голем“ рече Коџа.

Весникот „Сабах“ во веста под насов „Повик од министерот Коџа до младите: Одреден период преминуваме кон еден друг ритам“ истакнува дека министерот за здравство Фахретон Коџа на младите им се обрати да останат дома. Коџа во објавата преку профилот на твитер истакна: „Животот подразбира движење. Но одреден период ќе преминеме кн еден друг ритам. Слободата е во нашиот дом. Животот го исполнува домот“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Туристите во Турција не сакаат да се вратат во своите земји“ истакнува дека поради коронавирусот, голем број земји во светот ги ограничија патувањата. Оваа мерка предизвика застој во туристичкиот сектор. Турските туристички работнии истакнуваат дека состојбата во Турција релативно е во подобра состојба со другите земји поради што дојдените туристи не сакаат да се вратат во своите земји.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Сириските лекари бараат задача да учествуваат во борбата против вирусот“ истакнува дека околу 100 сириски лекари кои побегнаа од граѓанската војна во нивната земја и се засолнаа во Турција и живеат во Газиантеп, без никакви очекувања бараат да бидат ангажирани во борбата против коронавирусот, со цел да прушат поддршка на Турција. Претставникот на сириските доктори Мустафа Лулик рече дека од 2011 година навам нашите турски браќа покажаа голма гостопримливост. Ние наспроти нивната добрина сакаме да помогнеме на сите луѓе кои живеат на турските територии.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во март зголемен индексот на доверба на потрошувачите“ истакнува дека индексот на доверба на потрошувачите во март во споредба со претходниот месец се зголеми за 1,7 отсто. Индексот на доверба на потрошувачите во февруари изнесуваше 57,3 отсто, додека во март се зголеми на 68,2 отсто. Индексот на очеквање на финансиската состојба на домаќинството во претстојните 12 месеци во февруари изнесуваше 76,8 отсто, додека во март се намали за 2,3 отсто и изнесува 78,6 отсто.



Слични вести