Турски печат 23.03.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1383022
Турски печат 23.03.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Аудио порака од претседателот Ердоган против коронавирусот, до граѓаните“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со аудио порака преку домашните телефони ги предупреди граѓаните да останат во своите домови, поради епидемијата на новиот тип коронавирс (Ковид-19). Ердоган, поради епидемијата, посака од граѓаните да не излегуваат од своите домови без поголема потреба. Аудиот пораката на претседателот Ердоган пристигна до граѓаните преку домашните телефони.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Фахреттин Алтун: Загаденоста од информации му се заканува на здравјето на народот исто како и Ковид-19“, информира дека шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алту во споделената видео порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер укажа на тоа дека ѝ содржините во врска со коронавирусот со непознат извор се штетни најмалку колку вирусот. Алтун препорача да не им се верува на гласините коишто создаваат загаденост од информации и посака да се следат официјалните соопштенија, по прашањето.

„Турција остварува извоз по магистрален пат-копно во западните земји во износ од 42 милијарди долари“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот на Здружението на меѓународните шпедитери (UND) за стратегија и деловен развој Фатих Шенер кој истакна дека извозот што го остварува Турција за западните земји годишно изнесува 42 милијарди долари. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција го зголеми својот извоз на свеж зеленчук и овошје“, пишува дека извозот на свеж зеленчук и овошје на Турција во периодот 1 јануари-19 март оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година со раст од 27,6 отсто изнесува 581 милион долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Берикетните ризници на Турција: Заработени се 160 милиони долари“, информира дека извозот на медициснки и ароматични растенија (билки) како што се ловоровиот лист, мајчината душица, рогачот, рузмаринот, оревот, мудрецот (Салвија официналис) и др. коишто се употребуваат во прехранбената индустрија, здравството и козтетиката, а кои успеваат на берикетните почви на Турција, обезбедуваат значаен придонес за економијата на земјата. Така од извозот т.е. продажбата на овие производи минатата година се заработени приходи во износ од 160 милиони долари.

 



Слични вести